Мултифокални : очила, контактни леќи или интраокуларни леќи? Како да го направите вистинскиот избор?


Некаде помеѓу 40-45та година од животот, ви се јавува проблем при читање, пишување или работа на близина. Го избегнувате текстот кој го читате, потребно ви е повеќе светлина и чувствувате замор или главоболка. Тоа е знак дека сте влезени во период на пресбиопија (старечка далековидост), што е природен процес на стареење на окото, особено кога природната леќа на окото ја губи својата еластичност и потешко ги фокусира облектите кои се на близина.

Ако дотогаш не сте носеле очила, ќе почнете да носите очила за читање, а ако веќе сте носеле очила за далеку, сега добивате уште еден пар и за блиску. Доколку, работите на компјутер и се наоѓа на средна далечина (помеѓу блиску и далеку), ќе ви требаат и трет пар на очила, бидејќи очилата за близина ви се јаки, а за далечина ви се слаби за истата оддалеченост.

Во тие моменти, за да ги избегнете непријатностите и носењето на три пара очила, се прашувате што да правите и кое е вистинското решение за вас? Дали мултифокални (прогресивни) очила, мултифокални контактни леќи или пак, најсовременото решение – имплантација на мултифокални леќи?

Мултифокални (прогресивни) очилa

Содржат три корективни области за сите три далечини. Невидливата линија помеѓу нив овозможува постепено, прогресивно, меко преминување од погледот на далечина, преку средна оддалеченост, сѐ до погледот на близина.


 Потребен ви е одреден период да се навикнете на новите прогресивни очила. Потребно е да ги носите во текот на целиот ден, затоа што нивното вадење и ставање ќе го успори периодот на адаптација. Најважно од сѐ, главата треба да ја движите нагоре, право и надоле за да може да гледате јасно. Доколку не се чувствувате пријатно и чувствувате главоболка после 2-4 недели од нивно носење, обратете се на оптичар или офталмолог.

Мултифокални контактни леќи

Постојат неколку различни видови на контактни леќи кои можат да ви овозможат остар вид на далеку, средно и близу, дури и доколку имате астигматизам (цилиндар).  Едниот вид на мултифокални контактни леќи ја содржат диоптријата за далеку на поголем дел од површината на леќата, додека сегментот за вид на блиску се наоѓа на централниот долнен дел на леќата. Друг вид на мултифокални контактни леќи содржат низа концентрични кругови, со кои визуелниот систем постојано го прилагодува фокусот на блиску и далеку. Правилниот вид на истите се одредува според обликот на вашата рожница. 

Кај контактните леќи е многу важно да одржувате соодветна хигиена, да ги вадите пред спиење и пазите како ги ставате повторно, за да не предизвикате инфекција или ерозија (гребнатинка) на рожницата на окото.

Мултифокални интраокуларни леќи

Со напредокот на технологијата, се разви и идеално решение за старечката диоптрија, а тоа е имплантација на мултифокални интраокуларни леќи. Овие леќи ви овозможуваат добар вид на сите три далечини. Предноста на овие интраокуларни леќи е тоа што се доживотни – не е потребно да се одржува хигиена ниту пак да се вадат или ставаат.

Тие се имплантираат во вашето око односно имплантацијата се одвива хируршки – се вади природната леќа и се заменува со интраокуларна доживотна леќа. Доколку имате катаракта, придобивката на овие леќи е тоа што со еден зафат ќе го решите проблемот со истата и диоптријата засекогаш.

Придобивките од вградување на мултифокалните леќи се:

  • Доживотен вид на сите растојанија (блиску, средина и далеку);
  • Не ви се потребни два пара очила (дури и три!) за да може истовремено да работите нешто на блиску и далеку;
  • Не треба да се грижите за нив ниту да водите посебна хигиена;
  • Погодни се за лица кои имаат плус и минус диоптрија, пресбиопија, катаракта;
  • Не постои можност да се развие катаракта;
  • Се подобрува вечерниот вид и се намалуваат халoата и одблесоците;
  • Интервенцијата трае 10 минути, се употребува локална анестезија и си одите дома уште истиот ден;
  • Се враќате на секојдневните активности по неколку дена;
  • Откако ќе се вградат не ги чувствувате и не треба да ги подместувате – самите ја вршат својата функција и видот е побистар и боите поживи.😊

Во „Систина Офталмологија“, операцијата со имплантација на мултифокални леќи е сосема брза, безболна, сигурна и ефективна, после која си заминувате дома со отворени очи!


Совет за првичен преглед и/или дијагностика во случај да имате иста или слична состојба:

Преглед за мултифокални леќи

Рефракција, одредување видна острина, мерење очен притисок, преглед на очно дно, ехо/биометрија, IOL master
2.400,00

Офталмологот го задржува правото да предложи друг вид на преглед и/или дијагностика во зависност од утврдената состојба на прегледот.


Информации за тековно работење и мерки за заштита во услови на Ковид-19

РАБОТНО ВРЕМЕ
  • Понеделник – петок од 08:00 – 20:00 часот
  • Закажување на термин на:
    • Скопје: + 389 2 3097 000;
    • Битола: +389 47 226 900;
    • Гостивар: +389 42 210 800;
    • Пациентите од медицинските центар во Тетово се пренасочуваат во „Систина Офталмологија“ Скопје;
  • Редовните закажани термини за прегледи и интервенции ќе се одвиваат непречено;
  • Дозволена е една придружба за лицата кои доаѓаат на преглед/интервенција.
ПОСЕТА НА БОЛНИЦА
  • Влезот во болницата се одвива преку Влез А, Влез Б и Ургентен центар на „Аџибадем Систина“;
  • Сите лица што влегуваат во болницата се обврзани да ја поминат контролата на влезовите што се во функција.
КОНСУЛТАЦИЈА СО ОЧЕН ЛЕКАР
  • Услугата online консултација ќе Ви овозможи од безбедноста и удобноста на Вашиот дом  да добиете стручен совет од наш доктор за вашата состојба со очите и да добиете насоки за понатамошна медицинска нега односно медицински извештај.