Блог

Charles Bonnet Syndrome – синдром на видни халуцинации

charles-bonnet-syndrome-sistina-oftalmologij

Сенилната макуларна дегенерација е водечка причина за слаб вид и слепило кај возрасната популација во Европа и развиениот свет. Причините и ризиците за нејзината појава, како и важноста за рано откривање го зборувавме на блогот за сенилна макуларна дегенерација.
 
Истовремено, со сѐ поголемиот број на лица со слаб вид кои страдаат од сенилна макуларна дегенерација, во пораст е и појавата на еден синдром на видни халуцинации.
 
Синдромот на Charles Bonnet претставува појава на видни халуцинации кои се резултат на силно оштетен вид поради болест во очите. Халуцинациите почнуваат наеднаш, имаат живи бои и се многу реални. Наеднаш и исчезнуваат. Честотата на појавување се зголемува и од форми, линии и едноставни геометриски фигури, преоѓаат во комплексни форми, лица, цели композиции кои се непознати за пациентот и никогаш претходно видени.
 
charles-bonnet-syndrome-sistina-oftalmologija
 
За жал, најголем број од луѓето не ги спомнуваат, не ги признаваат, а истовремено се плашат од нив. Сметаат дека истовремено со видот, го губат и разумот, се плашат од сенилност.
 
Видот е комплексно сетило, очите, видниот пат и кората на мозокот ја создаваат сликата. Механозмот на појавување на ваквите слики се импулсите кои ги создава самиот мозок, во недостаток на импулс кој би го добил од очите.
 
Освен кај сенилна макуларна дегенерација Charles Bonnet се јавува и кај лица со макуларна дупка, дијабетичка ретинопатија, ретинитис пигментоза или било кога болест на очите која може да доведе до значајно намалување на видот.
 

Третман

 
Третманот на болестите на макулата и целата ретина, кој е долготраен и неизвесен, често е единствениот начин со кој се зачувува макар и намален, но сепак присутен вид кој превенира појава на халуцинации. Третман само на халуцинациите не постои, бидејќи тие се феномени кои се одраз на желбата на мозокот за вид.
 
Д-р Фанка Гилевска, спец, офталмолог

Scroll to Top