Блог

Што кога ласерската корекција на диоптрија не е правиот избор?

fakicni-lekji-sistina-oftalmologija-korekcija-vid

Ласерската корекција на диоптрија е најизведената метода во светот за отстранување на диоптрија. Но, не секое лице е кандидат за неа. Постојат други методи кои се ефикасни и безболни со кои може да се реши видниот проблем.
 

Како знаеме дека не сте кандидат за ласерската корекција на диоптрија?

 
На прегледот за ласерска корекција правиме тестови и испитувања со кои согледуваме дали ги исполнувате задолжителните критериуми за со оваа интервенција ефективно го решиме вашиот проблем со видот.
 
Ласерската корекција на диоптрија ја отстранува диоптријата на тој начин што ја ремоделира рожницата (проѕирниот површински дел од окото) за да го подобри фокусот. Дебелината на рожницата варира од човек на човек, па доколку вашата рожница е тенка, ќе ви предложиме друга метода која повеќе ќе ви одговара.
 

Кои методи за корекција на видот се возможни?

 
Ако не сте кандидат за ласерската корекција на диоптрија, ги препорачуваме методите за вградување на леќи со кои се корегира диоптријата/цилиндерот. Изборот на леќа се прави според вашата возраст и здравјето на вашата природна леќа која веќе се наоѓа во окото.
 
Во „Систина Офталмологија“ ги изведуваме следните интервенции:
 

Clear Lens Extraction

 
Под clear lens extraction се подразбира замена на природната леќа со вештачка интраокуларна леќа со која ќе се корегира диоптријата и цилиндерот. Иако, оваа процедура е идентична со операцијата на катаракта, таа се прави кај лица кои немаат катаракта (перде), кои спаѓаат во повозрасна група на лица кои не сакаат да им се наруши секојдневниот комфор затоа што треба да носат очила или контакни леќи за да ги извршуваат обврските.
 
Бојан Крижај е наш пациент кај кој вградивме мултифокални леќи поради таа причина: „По 50-та, почна да ми се влошува видот и имав проблем при читање, гледање ТВ, возење ноќе… Се случуваше понекогаш жена ми во ресторан да нарачува за мене… затоа што не можев да го прочитам менито… Почна да ми се нарушува мојот животен комфрот бидејќи не можев веќе без очилата. По интервенцијата, функционирам сосема нормално, ги обавувам своите бизнис задачи и спортски сум активен – без ограничување.“
 

Факични интраокуларни леќи

 
Кај помлади лица, кои поради тенка рожница или многу висока диоптрија не се кандидати за ласерската корекција на диоптрија, како добра алтернатива е вградување на факични интраокуларни леќи.
 
За разлика од clear lens extraction, природната леќа не се заменува со вештачка леќа. Пред природната леќа се вградува факична леќа која единствено може да се види на микроскоп. Како споредба, факичната леќа е како контакна леќа која не чувствувате дека ви е во око и за која не треба да се грижите. Ако со текот на времето настане промена на диоптријата, леќата може да се извади /замени со друга леќа со соодветен диоптер или некој друг вид на леќа без дополнително оштетување на окото.
 

Која метода е најдобриот избор за вас?

 
Методите за корекција на диоптрија се кратки и траат од 10 до 30 минути. Тие се комплетно безболни и опоравувањето по интервенцијата е кратко. На прегледот, врз основа на испитувањата, ќе ви објасниме која метода за корекција најмногу одговара за успешно да се реши вашиот проблем со видот.
 
Голем дел во одлуката за изборот на леќите и типот на хирургија зависи од вашиот карактерот, желби, секојдневните активности и професија. Офталмологот треба да го најде начинот за корекција на диоптријата кој ќе ви овозможи комплетно задоволство. Постојат различни типови на леќи (факични, монофокални и повеќе видови на мултифокални леќи). Особено значење за позитивен одговор за операција зависи од добрата подготовка (стручна и секако психолошка). На тој начин адаптацијата на новиот и убав вид ќе биде поедноставна и побрза.
 
Во „Систина Офталмологија“ располагаме со најсовремената апаратура за дијагностицирање и стручен тим кој секогаш е подготвен да ви помогне.
 
Д-р Билјана Костовска, спец.офталмолог

Scroll to Top