Блог

Знаете ли како да ги заштитите детските очи во лето!?

deca-oci-leten-period-sistina-oftalmologija

Велат дека очите се огледало на душата и најважното сетило.
 
Дали знаете дека 80% од своето знаење и учење децата го прават со нивните очи? Добар вид е потребен за читање, пишување, цртање, употреба на компјутер, како и во сите останати училишни активности. Без добар вид, дечињата може да имаат тешкотии со извршување дури и на наједноставните задачи и да заостануваат во својот развој. Иако летото подразбира одмор од школските задачи, грижата за здравјето на очите на вашето дете не треба да заостане. Одењето на фамилијарни одмори, капење во базени, уживање на сончеви морски плажи и едноставно, уживање во летото подразбира поминување на подолг период под отворено небо и јако сонце. Сето ова го зголемува изложувањето на очите и кожата околу очите на УВ зраци.
 
Сигурно нема да му дозволите на вашето дете да игра надвор цело попладне без претходно да му нанесете заштитна крема за сончање!!! Но, дали ги преземате истите мерки на претпазливост за заштита на нивните очи?
 
Еве неколку совети како да ги заштите детските очи во лето:
 

Купете очила за сонце кои заштитуваат од УВ зраците!

 
Нашите очи се исто толку сензитивни на сончевите зраци колку и нашата кожа. Истражувањата покажале дека детските очила за сонце пропуштаат до 70 ж% од УВ зраците отколку очилата за возрасните. Кога купувате очила за вашето дете, барајте очила со стакла кои блокираат 100 % ОД УВА и УВБ зраците. Очилата да бидат доволно големи за да ги покријат очите и кожата околу ни, воедно да бидат издржливи и опторни на удари.
 

Да носат капа секогаш кога се надвор!

 
Очилата за сонце се одлични, но за целосна заштита од сонцето најдобро е комбинација на очилата со капа. Во денешно време постојат и капи кои обезбедуваат 100% заштита од УВ.
 

Преферирајте сенка секогаш кога е тоа возможно!

 
Секогаш барајте сенка, особено помеѓу 10 – 14 часот кога сонцето најјако зрачи.
 

Преферијте очила за пливање кога е во базенот!

 
Пливањето е омилена летна активност и секако треба да се охрабрува. Сепак, хлорот кој се користи во базените може да предизвикува иритација на очите. Недоволно хлорираните базени се потенцијален извор на инфекции.
 
Уживајте во летото, на сонце, море, спорт… уживајте во животот и чувајте ги вашите очи!
 
Д-р Филева Викторија, спец. офталмолог

Scroll to Top