Блог

За што зборуваат “мушичките” пред нашите очи, особено преку летото кога денот е светол и долг

musicki-oci-senki-sistina-oftalmologija

Сонце. Плажа. Море. Јасно сино небо, полно со црни точки, муви и пајаци.
 
Многу пациенти се жалат на секакви летечки црви, пеперутки, пајажини, молњи, медузи, тркалца и други слични предмети пред нивните очи. Секој може да ги именува по најразличен начин, но за наше олеснување, во оваа статија, ќе го користиме зборот “мушички”.
 
Мушичките пред очите претставуваат еднинечни или множество темни дамки, кои особено добро се гледаат на светла хомогена позадина (бела, сина).Многу луѓе ги забележуваат во самиот почеток на нивното појавување, по што престануваат да им обраќаат внимание. Овие наизглед безопасни мушички, во некои случаи може да доведат до слепило.
 
Причината за појава на летечките мушички е уништувањето на стаклестото тело (потемнувања кои фрлаат сенка врз ретината). Овие затемнувања може да се должат на појава на крвни грутки, туморски клетки, пигменти. Колку поблизу до површината на ретината е потемнувањето, толку повидливи за човекот се нивните сенки и толку појасно се гледаат мушичките.
 
При преместување на окото, мушичките се раздвижуваат брзо, потоа полека (во тек на 10 секунди) се враќаат назад. Најчесто од појава на мушички страдаат постарите луѓе и оние кои страдаат од миопија. Уништувањето на стаклестото тело, како резултат на што се појавуваат мушички, може да биде предизвикано од голем број други причини, како што се:
 

  • нарушувања во циркулацијата на главниот мозок;
  • намален и зголемен крвен притисок;
  • спазам на крвните садови на главата и очите;
  • нестабилност на васкуларните ѕидови;
  • последици од повреда на главата и очите, како и операција;
  • воспалителен процес на окото, интраокуларна инфекција;
  • метаболна болест;
  • често и продолжително оптоварување на очите;
  • тешко физичко и емоционално напрегање;
  • недостаток на витамини;
  • пушење, употреба на алкохол, дрога;
  • заболувања на црниот дроб и гастроинтестиналниот тракт.

Често појавата на летечки мушички е поврзана со одлепување или раскинување на ретината, како и со одлепување на стаклестото тело. Во последниот случај, лицето гледа т.н. блиц-светкавица (молња, огномет, гром) поради создадената празнина во стаклестото тело.
 
Ако одеднаш почнете да гледате мушички пред очите, веднаш побарајте очен лекар. После прегледот, тој ќе ви помогне за можно решение на проблемот. Ако причината се крие во нерасположение на други органи, може да се пристапи кон изработка на целосен лекарски преглед.
 

Како изгледаат мушичките?

 
Изгледот на мушичките зависи од типот деструкција на стаклестото тело.

  • влакнеста деструкција на стаклестото тело – претставува изумирање и запечатување на одделни колагенски влакна, што доведува до влошување на метаболизмот и развојот на патолошки процеси во стаклестото тело. Во овој случај човек гледа пајажини, конци, влакна или ленти. При втечнување на стаклестото тело, неговите влакна можат да се залепат меѓу себе, формирајќи разгранета мрежа која се гледа како пајаци, медузи, октоподи и др.
  • зрнеста деструкција на стаклестото тело – се јавува како резултат на пенетрација (навлегување) на клетки во внатрешноста на стаклестото тело. Потоа овие клетки изумираат, придобиваат јасни црти кои се гледаат во форма на црни точки, кругови, прстени и слично.
Третман на мушичките во очите

 
Практиката покажува дека медикаментозното лекување не дава одлични резултати. Ако гледате не толку големи потемнувања во вид на мали црни точки, најверојатно ќе ви се назначат очни капки и витамини.
Поинтензивната појава на мушички пред погледот бара преминување кон комплексна терапија насочена кон забрзување на метаболичките процеси во стаклестото тело. Во некои случаи поплаките престануваат сами по себе, во други пациентите реагираат на терапијата, но кај поголем дел од пациентите остануваат, меѓутоа многу бледи.
 

Хируршката операција е ефикасен метод, но не е распространета насекаде.

 

  • Витреолиза – инвазивна безболна процедура, се врши со помош на ласер со кој се елиминира овој визуелен проблем.
  • Витректомија – целосно или делумно отстранување на стаклестото тело, а со него и мушичките. Сепак, за таква сериозна операција треба да има сериозни индикации.

Друг начин за справување со мушички пред очите, е промена на начинот на живот, што значи: редовни активности со спорт, откажување од употреба на алкохол и цигари, придржување кон здрава и балансирана исхрана, да не се напрегнуваат очите подолго време, да се прават вежби за очите и да се остават да се одмараат.
 
Внимателно внимавајте на вашето здравје. Во случај на болест се обраќајте веднаш кон специјалист. Трудете се да го зачувате Вашиот вид за долго време.
 
Тимот на Oдделот за витреоретинална хирургија

Автор

Sorry, we couldn't find any posts. Please try a different search.

Scroll to Top