На 15 октомври, Систина Офталмологија во ТЦ Зебра реализираше хуманитарна активност со бесплатно мерење на очниот притисок како битен параметар за состојбата и здравјето на окото. Заинтересираните граѓани кои се одзваа во голем број (околу 120) добија и бесплатни совети од др. Мирјана Саздовска и др. Фанка Гилевска. Голем интерес беше покажан и за ласерската корекција на диоптрија, како и за вградувањето на мултифокалните леќи после кои можете да ги фрлите очилата и леќите.

Систина Офталмологија и натаму ќе продолжи да организира ваков тип на хуманитарни активности како дел од својата социјална и општествена одговорност.