аааа

„Мерките за заштита направија да се чувствувам безбедно.“

“Мерките за заштита направија да се чувствувам безбедно.” – Сања Антонијевиќ од Скопје не посети, во услови на Ковид-19, да направи контрола за проверка на здравјето на очите.

„Контролата ми беше многу важна за здравјето на моите очи после терапиите кои ги примав. Се јавив во ‘Систина Офталмологија’ и ми ги објаснија сите мерки за заштита. Ме анкетираа и откако беа сигурни ми ја закажаа контрола за која инсистирав. Кога дојдов на преглед, видов дека целиот тим е вo заштитна опрема: маски, ракавици, мантили се како што треба. Се беше чисто и дезинфицирано и се чувствував посигурно. Д-р Саздовска на прегледот ми ja објасни мојата состојба, многу детално што ме израдува бидејќи сум личност која што сака да знае што точно се случува со моите очи и вид. Драго ми е што сум во ред и што ‘Систина Офталмологија’ ми беше достапна и во текот на пандемија.“

  • Прегледите и интервенциите во нашата клиника се одвиваат непречено согласно протокол.
  • Работното време: Понеделник – петок од 08:00 до 16:00 часот.

Алергиски промени на очите во пролет

proletni ocni promeni

Пролетни прашања поврзани со: „Ме чешаат очите…како да имам песок во очите…постојано ми се трепка…Во внатрешниот дел на окото имам црвенило и ме пече…тешки ми се капаците, како да не можам да ги отворам очите.“

Најчестиот одоговор е: Најверојатно имате алергија на очите.

Што е алергија на очите?

Алергените од природата која цвета се лепат на конјунктивите од очното јаболко и предизвикуваат воспаление, оток,  црвенило и рапавост на ткивото. Ако ги протриеме очите, ги втриваме алергените подлабоко во ткивото и алергиската реакција е посилна.

Колку трае?

Алергијата  на очите се јавува вообичаено во исто време секоја година, во пролет. Со почеток на летото, се смирува. Пациентите вообичаено знаат кога ќе почне алергијата и со наша помош навреме го спречуваат нејзиното појавување. 

Постојат и целогодишни алергии, на пример на домашна прашина, но тие се поретки и уште поретко ги зафаќаат само очите.

Дали треба да се лекува?

Задолжително. Алергијата мора да се лекува затоа што хроничното воспаление и иритација на очите може да предизвика или да тригерира други состојби и болести на очите. Главното лекување се состои од обилно испирање на очите со вода, за да се отстранaт алергените. Мора да се додадат и соодвeтни капки за смирување на имунолошкиот одговор на окото, како кортикостероиди (кои се ставаат само под контрола на офталмолог и строго контролирано време) и стабилизатори на мастоцититеи (кои спречуваат повторно да се појави алергијата по прекин на терапијата).

Дали треба да се прави алерго тест?

Ако алергијата не ги зафаќа респираторните органи (дишењето), не е потребен алерго тест. Алерго тестот може да ни  даде одговор дали сме алергични на најчестите алергени во природата, но многу од нив не се опфатени со тестот. Исто така, сознанието на кој алерген имаме алергија, ни помага само да знаеме во кој период тоа растение цвета и кога да ја очекуваме алергијата. Практично е многу  тешко да го избегнуваме алергенот.

Дали треба да се земаат  таблети, спрејови и сл.?

За алергија на очите, најчесто не е потребна системска терапија  (таблети, инхалатори). Ако алергиската реакција комбинирано и силно ги зафаќа и носот и дишењето, треба да се консултира алерголог и да се додаде соодветна терапија.

Дали алергијата на очите остава последници?

Ако не ги триеме очите, а ја лекуваме, не. 

НО! Последните студии покажуваат голема поврзаност меѓу хроничните алергии на очите и појавата на кератоконус. Кератоконус е болест на рожницата на окото која се карактеризира со нејзино ослабнување и конусно испакнување нанапред. Тоа доведува до појава на астигматизам (цилиндер) расејување на светлата и отежнато фокусирање особено навечер. Кератоконусот се јавува кај млади луѓе (под 20 години) и многу е важно навремено да се дијагностицира и лекува.  

Дали постои општа превенција на алергија на очите?

Најчест фактор на предиспозиција е сувоста на очите. Сувите очи се лепливи и осетливни на алергените, на прашината и на сите честици од природата кои се лепат на конјунктивите и предизвикуваат нивно воспаление.

За дома:  Почесто мијте ги очите со вода, особено по престој во природа. Ставајте ја терапијата која ја напишавме. Симптомите може да се враќаат до втората половина на јуни, потоа ќе исчезнат. Следната година дојдете да ве видиме пред да започнат симптомите, околу почетокот на март, или уште во февруари, за да спречиме да се развие алергијата. Не е страшно и не остава последици но мора да се лекува. Не смеете да ги триете очите. Триењето може да предизвика оштетувања на рожницата и конјунктивите. Ако навечер тешко фокусирате или имате расејување на светлината околу светлосен извор, закажете Пентакам.

Автор: Д-р Фанка Гилевска, спец. офталмолог

Препораки за носење контактни леќи и очила за време на пандемија Kовид-19

Со оглед на тоа дека не постојат научни информации за присуството на вирусот на хидрофилните материјали (контактни леќи), како и дека не постои евиденција дека луѓето можат да бидат заразени преку контактни леќи, сепак препорачуваме одредени мерки на претпазливост кои што треба да ги спроведува секој кој што ги носи контактните леќи во периодот на пандемијата. 

Постојат три причини зашто луѓето што носат контактни леќи се поризични за инфекција:

  • При допир со рацете може вирусот да се пренесе на очите;
  • Кашлањето или кивањето на заболен на близина (помала од 1,5 метри) може да го донесе вирусот на контактните леќи преку капките во воздухот;
  • Конјунктивата е една од влезните врати за пренос на инфекцијата во телото.

Секако дека ризикот е многу поголем доколку сме во близина на позитивни хоспитализирани пациенти.

Препораки за пациентите кои носат контактни леќи

  • Внимателно измијте ги рацете со сапун или средство врз база на алкохол пред и после ставањето на контактните леќи;
  • Внимателно измијте ги рацете пред и после вадењето на контактните леќи;
  • Избегнувајте го допирањето на носот, устата и лицето додека ги ставате или   вадите леќите;
  • Изведете ја постапката на ставање и вадење на леќите на чиста површина;
  • Секогаш проверете го датумот на траење на контактните леќи;
  • Почесто менувајте ги контејнерите за контактни леќи;
  • Еднаш неделно дезинфицирајте ги леќите со раствор на хидроген (водород пероксид) или со ензимски таблети за таа намена;
  • Веднаш извадете ги контактните леќи во случај да ви се јави црвенило на очите или пак имате симптоми на болеста;
  • Немојте да ги допирате контактните леќи со уста или пак да користите плунка за да ги исчистите.

Препораки за пациентите кои носат очила

Вирусот може да се задржи на површината на стаклата од очилата особено ако престојуваме во заразена средина, затоа треба да внимаваме да не ги допираме очилата, а рацете често да ги миеме.

Очилата можете да ги миете со течен сапун внимавајќи да не ги изгребете стаклата. Кутиите и футролите за очила менувајте ги почесто.

Препораки за докторите и медицинскиот персонал кој е во контакт со заболени од КОВИД-19

Пациентите заболени од КОВИД 19 не смеат да носат контактни леќи. Препорачливо е носење на очила во текот на лекувањето.

За медицинскиот персонал во заразена средина се препорачува носење на очила, а оние кои носат контактни леќи задолжително да користат заштитни очила или штитови.

Секако, задолжително е носењето на заштитни маски и ракивици за сите нас, без разлика на нашата здравствена состојба.

Како да се справите со стресот во време на неизвесност?

„Без оглед колку и да е тешка ситуацијата, треба да користиме наука и човечка генијалност со решителност и храброст за да ги надминеме проблемите со кои се соочуваме. Соочени со закани по нашето здравје и благосостојба, природно е да чувствуваме вознемиреност и страв. Сепак, имам голема утеха и мудар совет за вас: Ако треба да се стори нешто – направете го тоа, без потреба да се грижите; ако нема што да се стори, понатамошната грижа нема да ви помогне и олесни.“ – Далај Лама

Во овој момент, светот се справува со невидена ситуација која нѐ изненади сите Ковид -19. Никој од нас не беше подготвен за тоа и не знаеме како ќе изгледа нашата блиска иднина.

Кога се појавуваат ситуации како пандемијата Ковид – 19, нештата одеднаш се надвор од наша контрола. Моментално, нашите рутини и нашето секојдневие се тотално променети и нормално е тоа да не ни се допаѓа и да сме несигурни што ќе биде понатаму со нашиот живот.

Меѓутоа, во вакви ситуации, постои една работа што можеме да ја контролираме, а тоа е како да се справиме со тоа. Како ќе одбереме да реагираме на оваа неизвесна ситуација, на крајот ќе влијае на тоа како ќе се справиме и закрепнеме од истата.

Ова се неколку совети кои може да ви помогнат:

Останете позитивни

Природно е во време на загриженост да се фокусирате на негативните работи. Ова нѐ води до стрес и вознемиреност.  Но, наместо тоа, трудете се да го замислите позитивниот исход. Мислете на работите со чиста глава, дишете длабоко и обидете се да останете мирни.

Гледајте ја секогаш големата слика

Иако можеби ќе се преокупирате со вашите мисли, обидете се да престанете да се фокусирате на она што не можете да го контролирате. Обидете се, да размислите што можете да контролирате во животот и да одморите од сè друго. Ако глобалните настани ве загрижуваат, избегнете ги медиумите и охрабрете ги пријателите некое време да ја сменат темата на комуникација.

gledajte ja golemata slika sistina oftalmologija

Бидете правилно и точно информирани

Важно е да бидете информирани за најновите вести и случувања во неизвесни ситуации, но бидете сигурни дека вашите извори се сигурни и точни. Бидете внимателни во врска со она што го читате на Интернет, особено коментарите и написите што се споделуваат на социјалните медиуми. Обидете се да ограничите колку пати ја проверувате веста затоа што тоа може да ја зголеми вашата вознемиреност, особено пред спиење кога треба да се релаксирате и да имате добар сон.

Бидете во тек со сите информации за коронавирусот на www.koronavirus.gov.mk

Создадете нова рутина

Училиштата се затворени, не се гледаме со пријателите, сменете ни се работните обврски, но направете си нова рутина – квалитетен сон и избалансирана исхрана, искористете го ова време за да направите нешто проактивно, како учење нови работи и вештини или читање книга. Одржувањето на рутина е особено важно ако имате деца дома – можеби нема да разберат целосно што се случува, но ќе забележат како вие реагирате на ситуацијата.

Сега е време да ги направите сите оние работи за кои претходно немавте време.

Научете да ги пуштите работите кои ви се надвор од контрола

Обидете се и прифатете дека не можеме да контролираме сѐ во животот. Несигурноста не е идеална, но сепак, сме создадени да бидеме силни и можеме да прифатиме и толерираме што и да ни се случува. Ситуацијата ќе се реши наскоро и додека се случи тоа, можеме само да контролираме како да се справиме со новите рутини и секојдневие. Запаметете, бидете добри спрема себе и блиските околу вас.

Грижете се за вашето здравје, тело и дух – тоа се најважните работи кои ги имаме.

Како да носите заштитна маска без да ви се замаглуваат очилата?

Тековните настани наложија сè повеќе луѓе да носат маски за лице за заштита и безбедност на самите нив и на оние околу нив. Има само еден проблем: оние кои носат очила се соочуваат со уште една тешкотија – им се замаглуваат очилата кога носат маска. Ова е животен факт кога носите очила – цело време се замаглуваат. Промените на температурата, заштитната опрема за лице и зимската опрема се едни од вообичаените причини за замаглување на очилата. . Во продолжение се некои насоки за помош како да се справите со оваа ситуација.

Зошто очилата се замаглуваат?

Очилата се замаглуваат заради една причина, а тоа е промени во температурата. Ако сте надвор на студен ден и влезете внатре во топла и влажна просторија, вашите очила се замаглуваат како резултат на водената пареа во воздухот која се кондензира на студените стакла.

Друг фактор што придонесува е вашиот здив. Маската што ја носите го насочува здивот нагоре отколку нанадвор. Вашиот здив е исто така доста влажен затоа што внатрешноста на устата и белите дробови е влажна. Топлиот, влажен воздух што го издишувате, наидува на релативно студената површина на вашите очила и се кондензацира на нив. Капките што се формираат на вашите очила остануваат таму заради т.н. површинска напнатост и треба да се избришат или да испарат.

Опција 1: Правилно ставете ја и зацврстете ја вашата маска

Како што споменавме, причината поради која се замаглуваат очилата е влагата од здивот. Повеќето маски кои ги носиме се платнени или хартиени. Треба да проверите дали над маската има прицврстувач од метал или пластика кој се прилагодува на носот. Кога ќе ја прицврстите маската правилно на носот и лицето, го минимизирате здивот да оди нагоре и спречувате очиата да ви се замаглуваат. Ова може да го комбинирате со прилагодување на дишењето.

Има и попрогресивни маски, за кои е доволно само да ги прицврстите убаво на лицето. Некогаш и телото генерира влага и од самата пот, а не само од здивот, што повторно не враќа на тоа дека во некои ситуации мораме да го контролираме дишењето и да погледнеме други опции.

zastitna-maska-sistina-oftalmologija

Опција 2: Користете хартиено марамче или фластер

Ова е првенствено опција за хартиени или платнени маски кои не се прицврстуваат добро на лицето. Земете едно хартиено марамче и превиткајте го, ставете го на горниот дел на маската пред да ја ставите на лицето и стиснете надоле. Ова ви овозможува две придобивки. Првата придобивка е тоа што, како апсорбирачка крпа, марамчето ќе ја блокира и апсорбира влагата од вашиот здив кој инаку би одел нагоре и би ви ги маглел очилата. Втората придобивка е тоа што обезбедува помека подлога отколку што е самата маска и е поудобно за носење.  Истото може да го направите и со фластер.

Опција 3: Користете средство за против замаглување на стаклата

Во денешно време има многу средства против замаглување за стакла, визир од кацига, очила. Сите функционираат на ист начин: ги нанесувате на стаклата и ги бришете, оставајќи невидлив слој кој што помага да се намали површинската тензија. Во секој случај, нивниот ефект е подолготраен во текот на денот.

cistenje-ocila-namensko-sredstvo-sistina-oftalmologija

Опција 4: Сапун и вода

Пред да ја ставите маската, измијте ги очилата. Користите сапун и вода за да ги измиете и наместо да ги избришете со крпа, истресете го вишокот на капките и оставете ги да се исушат на воздух.

Треба да ставите тенок, невидлив слој од сапун на вашите стакла. Ова ќе спречи да се акумулира влагата на стаклата. Зошто функционира? Одговорот е во интеракцијата на сапунот и водата. Водата, во чиста или претежно чиста состојба, има високо ниво на т.н. површинска тензија. Можеби сте виделе кога водата останува на површината, наместо да се прелева на површината. Тоа е така зашто нејзината површинска тензија ја одржува во место. Сапунот кога ќе се смеша со водата, се нарушува таа површинска тензија. Со ставање на тенок слој сапун на стаклата, прави потешко влагата да се кондензира на стаклата, иако не е сосема невозможно.

Сапунот во текот на денот може да го намали овој ефект, па ќе мора да ја повторувате оваа постапка почесто. Да, е ефективно решение, меѓутоа не е долготрајно.

Друг сличен продукт кој го има истиот ефект е пена за бричење. Многу тенок слој од пената може да ја спречи влагата на вашите стакла.

 

Д-р Билјана Костовска „Одлепување на мрежницата е итна состојба која мора да се оперира за 24 часа“

biljana-kostovska-vitrektomija-sistina-oftalmologija
Д-р Билјана Костовска

Во ова време на ограничено движење, сепак, постојат состојби на очите кои се итни и на кои треба веднаш да им се даде медицинска помош. Една од нив е аблација (одлепување) на ретината. За тоа кои се симптомите, како се третира и како треба да се постапи доколку настане оваа состојба, објаснува д-р Билјана Костовска во интервју.

Нагло губење на вид, светкања, црни точки – што значи тоа? Што значат овие симптоми?

– На почеток може да се само блесоци, искри, светкања како молњи. Црни точки во видното поле или голема темна дамка се појавува ако одлепувањето е пратено со крварење во витреалниот простор. Состојбата се влошува со појава на завеса во видното поле. Кога одлепувањето ќе стигне до центарот на видот или макулата, што може да се случи во рамките на 1 до 2 дена, видот доста се намалува и не може повеќе да читате ниту да препознавате други лица. Аблација на ретината или одлепување на мрежницата е итна состојба која мора да се оперира во рамките на 24 часа. За време на примарната аблација, ретината пука и се формира ретинално дупче кое настанува како резултат на навлегување на очна водичка низ мало дупче на ретината. Со ширење на дупчето доаѓа и до подигнување на околната ретина и постепено доаѓа до одлепување на ретината од очната позадина. Секундарна аблација се јавува како резултат на воспаление или тумор на хороидеа (третманот е посложен и мултидисциплинарен).

Како се третира аблацијата на ретината?

– Аблација на ретината се третира со операција која се нарекува витректомија. Како што ретината се храни само додека е залепена за очната позадина, секое ретинално одлепување може трајно да ја оштети ретината. Затоа е важно операцијата да биде извршена што побрзо и секое чекање резултира со полош исход по операцијата. Во „Систина Офталмологија“ може да ја организираме операцијата во рамки на 24 часа за време на работен ден или празник. Операцијата се прави со локална анестезија со седација. Оваа операција е комплетно безболна. Таа трае во просек околу еден час, после која пациентот може да оде оди дома уште истиот ден.

Витректомијата претставува прецизна и комплексна операција. При неа се отстранува  стакленото тело од внатрешноста на очното јаболко, низ мали отвори на белката (помали од 1 мм) по што истото се заменува со специјален гас (кој со текот на времето се ресорбира) или силиконско масло, а дупките на ретината се обрабуваат со ласер за да се залепат.

biljana-kostovska-vitrektomija-sistina-oftalmologija-2
Д-р Билјана Костовска

Во текот на витректомијата, се влегува во око преку 4 мали отвори од по 1 mm на белиот дел на окото (склера). Во текот на операцијата се отстранува стаклестото тело и се заменува со течност. Стаклестото тело потоа се надоместува со нормалната очна водичка која окото сама ја произведува и окото нормално функционира. Откако ќе се отстрани стаклестото тело, се идентификуваат „дупките“ на ретината, ретината и дупките се лепат со ласер.

Колку време трае опоравувањето и што смеете да правите?

– Окото по операцијата е малку црвено, без болка и опоравувањето трае до 1 месец комплетно. Потребно е да се става терапија со капки и маст во текот на две недели, а окото мора да биде затворено само еден ден. Контролните прегледи се закажуваат ден после операцијата, 7 дена после операција и 2 до 3 недели по интервенцијата. По 10-тина дена кај некомплицираните аблации, пациентот може да се врати на секојдневните активности. Во текот на тие 10 дена потребно е да мирувате и да лежите во положба која ќе ја препорача лекар, а може да работите на компјутер, да читате или да гледате ТВ користејќи го другото око.

Дали овој вид интервенција е покриен од Фондот?

– Повеќе од 10 години на искуство, препознатливост и традиција во хирургијата на очите, и долгогодишната сароботка со ФЗО на РСМ за покривање на витректомии и катаракта. Направени се повеќе 10.000 витректомии и замени на силиконско масло. Кај нас за овие интервенции се користи Constellation Vision System, најмодерниот офталмолошки микрохируршки систем за витреоретинална хирургија и отстранување на катаракта. Овој апарат е безбеден за работење, а истовремено овозможува времетраењето на интервенцијата да се доведе во оптимално ниво што позитивно влијае на опоравувањето на пациентот после операцијата. Во Систина Офталмологија операцијата се прави без многу чекање и со едноставна документација.

Пристапот на нашиот тим е индивидуален за секој пациент, а сложеноста на овој вид интервенции понекогаш налага и соработка со повеќе стручни лица од повеќе медицински области (кардиологија, неврологија и сл) т.е. мултидисциплинарен пристап со цел овозможување успешно решавање, проследено со врвна пред и пост оперативна медицинска нега.

Како дел од Групацијата очни болници „Свјетлост“ од Хрватска кои бројат над 60 офталмолози и повеќе од 400.000 задоволни пациенти, нашиот тим на витреоретинални хирурзи редовно споделува искуства меѓу себе во решавањето на ваквите очни состојби. Редовното присуство на светски конгреси и едукација меѓу кои и обуки под водство на проф. д-р Ференc Кухн (врвен витреоретинален хирург, професор предавач на повеќе универзитети низ Европа), претставува дополнителна вредност во поглед на нивното знаење и искуство.

➡️Побарајте го нашиот доктор ☎️ 072 268 874 за консултација, совет и итен случај. Достапен и на Viber и WhatsApp. #ОстаниДома

Проф. д-р Никица Габриќ „Го проживувам истото што го проживуваат повеќе од 1000 пациенти годишно“

Доц. д-р Ратимир Лазиќ и проф. д-р Никица Габриќ

Проф. д-р Никица Габриќ, основачот и управителот на нашата партнерска клиника „Свјетлост“ направи операција на левото око и му се вгради интраокуларна леќа Synergy, најновата генерација на мултифокални леќи.

Откако професорот извршил неколку операции на вградување на овие леќи на пациенти, на крајот на истиот денот го замолил својот колега доц. спец. офталмолог Ратимир Лазиќ да го оперира.

„Еве по неколку часа по интервенцијата, го проживувам истото што го проживуваат повеќе од 1000 пациенти годишно. Видот е подобар и веќе од утре очекувам да биде 100%!“ – проф. д-р Никица Габриќ.

Интервенцијата трае помалку од 5 минути. Таа е комплетно безбедна и безболна.

„Како што старееме, така и очите ја губат својата природна моќ за акомодација и почнуваме да не гледаме добро, да не читаме како што треба итн. Отсекогаш сум верувал дека на пациентот не треба да му се нуди она што на себе не би си понудиле.“- проф. д-р Никица Габриќ.

Оваа интервенција не е единствената интервенција што професорот ја има направено. Пред 14 години, диоптријата му беше отстранета со ласерска корекција на диоптрија, а пред 3 години на десното око му беше вградена тогашната најнова мултифокална леќа Symfony.

5 знаци дека е време да направите очен преглед

5 знаци дека е време да направите очен преглед

Губењето на способноста да се фокусираме на детали се случува кај повеќето од нас. Презбиопијата (старечка далековидост) се јавува со возраста, бидејќи природната леќа во окото ја губи својата флексибилност. Но, исто така е можно да имате скриени проблеми со видот кои почнале да се манифестираат.

Се препорачува еднаш годишно да ги прегледате вашите очи, но сепак, најдобро е да го прашате фталмологот кој редовно ја следи Вашата  состојба со видот и очите. Ако чувствувате дека пречесто и силно ги триете очите,  ги оддалечувате предметите за да ги видите или пак ги приближувате, веројатно е време да го посетите вашиот офталмолог.

 Ова се 5-те знаци кои ви покажуваат дека ви е потребен очен преглед:

Имате главоболки околу очите

Ако вашите очи се напрегаат да се фокусираат, можеби ова ќе ви зададе главоболка. Главоболките во предниот дел на главата или главоболките околу слепоочниците можат да ви укажат дека моменталните очила се премногу слаби, или дека ви се потребни очила за читање.

За секоја главоболка која е поврзана со долго читање; гледање на компјутер или е придружена со потешкотии при фокусирање, посетете го вашиот очен доктор. Окуларните мигрени, на пример, создаваат аура односно цик-цак обоени дамки или мали сјајни точки во вашиот вид кои се движат од централноото видно поле кон периферија и трепка. Повеќето аури може да траат 20 минути пред да започне болката во главата.

Главоболка придружена со заматен вид на едно или двете очи може да биде знак за постоење на сериозни очни состојби како глауком (покачен очен притисок) или оптички невритис (воспалување на  очниот нерв) и мора веднаш да се дијагностицира и третира.

 Жмиркате (ги стискате очите за да видите) и се уште не фокусирате

Промените на видот можат да значат различни работи. За дете тешкотијата во читањето на таблата често укажува на тоа дека почнува да се развива миопија. За возрасно лице, тешкотијата со гледање на улични знаци може да биде знак дека треба да се препише нов рецепт за очила од далечина или дека има промена на здравјето на очите.

Секојпат кога ќе забележите дека вашиот вид се променил, важно е да направите преглед за да бидете сигурни дека очите ви се здрави. Можеби не е ништо сериозно или опасно, но само со офталмолошки преглед ќе дознаеме.

Очите ви се суви

Промените кои се случуваат со возраста, секако ги зафаќаат и очите. Една од најчесто превидени или занемарени промени се тие во солзниот филм кој служи да ги влажни и штити очите од надворешните влијанија. Сувоста на очите може да е резултат на недостаток на солзи, или на промена во составот на солзите. Се манифестира од чувство на страно тело во очите, песок, некогаш и прободувачка болка, заматен вид, па се до рефлексно парадоксално солзење.

Постоење на диоптрија која не е регулирана со очно помагало (очила, контактни леќи) е проблем кој создава потешкотии во вршење на секојдневните активности но не ги оштетува очите. Црвенило или некаков секрет на очите, било каков вид болка или нагло губење на видот  –  треба веднаш да се дијагностицира и третира.

Тешко гледате навечер

Ако навечер  ви е потешко од вообичаеното да гледате улични знаци, ова може да значи дека вашата далековидост се влошува во мрак. Ако очите ви се иритираат со приближување на светлата од автомобилите или ви пречи белата светлина од компјутерскиот екран, може да ви помогнат очила за заштита од  белата  светлина кои имаат син филтер.(blue control)  

Ако непријатноста од одблесоците продолжи дури и со специјални очила, тоа може да укаже на појава на катаракта – особено кај пациенти постари од 50 години.

Кога катарактата почнува да влијае на квалитетот на животот, вашиот доктор може да предложи операција за отстранување на природната заматена леќа и да ја замени со вештачка интраокуларна леќа, која  пак ќе ви ги замени очилата.

Не можете да се сетите на вашиот последен преглед кај очен доктор

Мислењата на очните доктори низ светот најчесто се различни во однос на континуитетот, т.е. колку често треба да правите очни прегледи. Најубаво за тоа ќе ви каже вашиот офталмолог согласно вашата состојба.

Одењето на очен преглед не секогаш означува дека мора да ви ги прошират вашите зеници, но тоа е единствен начин да се провери и очната позадина (ретината) зада бидете сигурни дека вашите очи се здрави и без проблеми.

Одредени исклучоци сепак постојат. Докторите се согласуваат дека децата треба да прават прегледи секоја година и истото важи и за лицата со веќе дијагностицирана очна болест или системска болест која влијае на видот (како на пр., дијабетес).

Ние препорачуваме да се прави преглед на очите минимум еднаш годишно, независно дали имате очен проблем или не. Редовните прегледи се заштитни мерки, затоа што постојат некои очни болести кои се појавуваат без промена на видот и без болка.

➡️Побарајте го нашиот доктор ☎️ 072 268 874 за консултација, совет и итен случај. Достапен и на Viber и WhatsApp. #ОстаниДома

Водич за деца за новиот коронавирус

Водич за деца за новиот коронавирус

Нов коронавирус наречен SARS-CoV-2 се шири по планетата. Децата како тебе веројатно се прашуваат „Дали ќе се затвори училиштето?“ и „ Дали треба да се грижам дека ќе се разболам?“. Како помош да се снајдеш во овие збунувачки околности, овде имаш научни одговори на сите твои прашања.

Што е вирус?

Вирус е малечок, ситен микроорганизам, толку мал што не може да се види. Вирусите нѐ разболуваат, но не можат ништо да направат сами од себе – мора да живеат внатре во друго суштество (домаќин) за да преживеат. За тоа да се случи треба прво да влезат во нашите клетки.

Што е коронавирус?

Можеби си забележал/а како возрасните зборуваат за „коронавирус“. Постои нов вид вирус што се шири низ светот. Се вика коронавирус бидејќи „корона“ значи „круна“ на латински, а вирусот изгледа како да има боцкава круна на себе.

Главно, прави луѓето да кашлаат, да се чувствуваат уморно и да имаат висока температура. Но постарите луѓе и луѓето кои имаат одредени здравствени состојби може многу да се разболат. Болеста што ја предизвикува вирусот се вика КОВИД-19.

Од каде се појави коронавирусот?

Вирусот првпат бил откриен во градот Вухан во Кина, минатиот декември. Но, се смета дека вирусот всушност потекнува од лилјаците. Од нив, прескокнал на друг вид животно, кое им го пренело на луѓето. Никој не знае со сигурност кое било ова мистериозно животно, но некои луѓе мислат дека можеби бил панголинот, животно прекриено со лушпи што јаде мравки.

Како да знам дали го имам вирусот?

Постои специјален тест за да се провери дали некој има КОВИД-19. Ако се чувствуваш лошо, кажи им на твоите родители. Тие ќе се јават на лекар за им каже дали треба да се тестираш. Тоа е исто како тест за грип: ти ставаат памукче во носот и проверуваат дали во исцедокот е присутен вирусот. Резултатите се готови следниот ден.

Како можам да помогнам?

Можеш да помогнеш да се запре вирусот со тоа што редовно ќе си ги миеш рацете. Рацете се мијат со сапун и убаво се тријат. Треба да ги чистиш сите прсти, помеѓу прстите и под ноктите. Притоа можеш да си пееш некоја песничка што трае околу 20 секунди за да знаеш колку долго да ги миеш.
Исто така, запомни да ги држиш рацете подалеку од лицето – значи да не ги триеш очите и носот и да не ги ставаш рацете во устата. Така, ако случајно имаш малку од вирусот на рацете нема да му дозволиш да влезе во телото и да те разболи.

Запомни да кашлаш и да киваш покривајќи се со лактот и остани дома ако си болен.

Дали треба да се загрижам?

Нема потреба да се грижиш, бидејќи возрасните напорно работат за да ги заштитат децата и останатите возрасни. Дури и ако го добиеш вирусот, децата обично не се разболуваат многу од него. Повеќе е како блага настинка.
Сепак, сѐ уште имаш важна улога во заштитата на останатите! На постарите луѓе, како бабите и дедовците, им треба твојата помош за да останат здрави. Тоа значи дека треба да си ги миеш рацете и да седиш дома ако си болен. Може и да треба да не одиш на училиште ако учителите и останатите одговорни возрасни одлучат дека така е најдобро. Така ќе се забави ширењето на вирусот ќе се заштитат постарите и болните луѓе.

Што се презема за да бидеме безбедни?

Лекарите и владините службеници напорно работат за да ги заштитат семејствата. Затоа може да побараат луѓето да ги откажат настаните, како на пример спортските натпревари. Може да ги затворат училиштата за да го спречат ширењето на вирусот. Може да ти речат да не стоиш блиску до другите луѓе кога си надвор. Таквите финти му отежнуваат на вирусот да скокне од еден на друг човек. Ако вирусот не може да се рашири, помалку луѓе ќе се разболат.
Лекарите исто така многу се грижат за болните. Научниците се обидуваат да направат вакцина против коронавирусот, слична како вакцините кои редовно ги добиваш на лекар, и лекови за болните.

До кога ќе бидат затворени училиштата?

Коронавирусот најлесно се шири во групи со голем број луѓе. Такви места се и училиштата, каде секој ден одиш на часови со голем број твои соученици. Поради тоа, за да ги заштитат учениците и вработените во училиштето од вирусот, директорите донесоа одлука за привремено затворање на сите училишта. Не се знае до кога точно ќе трае тоа.

Сепак, треба да запомниш дека иако не одиш на училиште не треба да се однесуваш како да си на распуст. Треба да седиш дома и поретко да се гледаш со пријателите, за да се заштитиш себе и другите од вирусот.

Додека не одиш на училиште, сепак можеш да продолжиш да учиш. Учителите може да ти дадат лекции и домашни задачи. Некои учители може и да одлучат часовите да се одвиваат преку интернет. Исто така, можеш да побараш интересни книги од библиотека, или да следиш голем број образовни емисии на телевизија или на интернет.

Дали можам да се гледам со пријателите?

Ако треба да седиш дома, може да биде потешко да се среќаваш со пријателите. Сепак, има разни начини да продолжите да комуницирате, преку телефон или преку интернет. Веројатно знаеш како да го направиш тоа, а ако не знаеш можеш да замолиш некој возрасен да ти помогне. А можеш и да бидеш креативен и самиот да смислиш интересни начини. Секогаш може да се најде начин за играње и забавување со пријателите, дури и без лично да се сретнете.

Ако ти е дозволено да се среќаваш со пријатели, тоа веројатно ќе треба да биде во мали групи. Значи, засега без роденденски забави. Широки отворени простори како паркови, каде може да се биде доста оддалечен од останатите, се веројатно најдобриот избор.

Кога ќе заврши ширењето на коронавирусот?

За жал, не знаеме точно. Користејќи математика, можеме да направиме претпоставки. Кога ќе дојде крајот, вашите родители ќе ви кажат. До тогаш бидете примерни и добри дечиња и слушајте ги вашите родители.

Извор: livescience.com/coronavirus-kids-guide.html
Превод и уредување: Окно и Кома Илустрации: Shutterstock

Ефектот на корона вирусот врз очите

Корона вируси се широка фамилија на вируси кои нормално ги инфицираат животните, но некои од нив еволуирале и почнале да ги инфицираат и луѓето. Овие вируси може да предизвикаат  различни болести, од обична настинка до сериозни болести.

Што треба да знаете за овој вирус?

Според Американската академија за офталмологија, вирусот се чини дека се шири низ мали респираторни капки (аеросоли) кои се создаваат кога заразена личност кашла или кива. Исто така, може да се пренесе преку допир на површина на која паднале тие аеросоли и се исушиле на истата, а потоа лицето ја допре устата, носот или очите со загадени раце.  Инфекцијата на очите, често е прв знак за инфекција, затоа што конјунктивата на очите е влезно место изложено на надворешни влијанија и најчесто e незаштитено.  На тој начин заразеното лице развива  конкјутивит. Поради тоа, лица кои одат на офталмолог заради конјунктивит и имаат респираторни симптоми (кашлица, отежнато дишење) имаат покачена телесна температура, а биле во некоја од заразените држави може да се сомнителни за овој вирус.

Овој вирус, покажаа истражувањата, дека е многу чувствителен на дезифициенците кои се користат за дезинфекција на офталмолошките инструменти и мебел во очната клиника така што дезинфекција во нашата установа се врши пред и после средба со секој пациент.

Кои се симптомите?

  • Треска
  • Кашлица
  • Недостиг на здив (отежнато вдишување)
  • Во одредени случаи и конјуктивитис.

Симптомите се појавуваат меѓу 2 до 14 дена откако се изложени на вирусот. Се смета дека заразените лица може да го пренесат вирусот пред да искусат симптоми, иако најчесто се пренесуваат од лица кои имаат развиено симптоми.  

Кои категории на лица се ризик?

Возрасни лица и лица со хронични болести како срцеви заболувања, дијабетес, респираторни заболувања, автоимуни заболувања и сл.

Како да се заштитите?

  • Често мијте ги рацете со сапун и вода најмалку 20 секунди. Ова е особено важно по кашлање или кивање, ако се грижите за болно лице, и пред и по приготвување и јадење на храна. Ако сапун и вода не ви се достапни во моментот, користете алхохолно базиран раствор за раце. Особено е важно да ги измиете вашите раце по кашлица или кивање.
  • Покријте го вашиот нос и уста со подлактицата или марамче кога кашлате или кивате. Потоа фрлете го марамчето во канта и измијте ги рацете;
  • Не ги допирајте вашите очи, нос и уста со неизмиени раце;
  • Избегнувајте близок контакт со лица кои се болни;
  • Чистете ги и дезинфирајте површини кои често се користат, како квака на врата и играчки;
  • Останете дома ако сте болни, освен кога вашата состојба наложува медицинска грижа;
  • Мијте ги рацете ако сте биле во контакт со животни, ако сте посетиле маркети и сл.;
  • Не се групирајте со пријатели во затворен простор.

Заедно да ги следиме и почитуваме препораките со цел сите заедно да се заштитиме и да ја заштитиме ранливата категорија на лица.