аааа

Перо Антиќ на преглед за корекција на диоптрија

Неприкосновениот Перо Антиќ ја посети нашата клиника во Скопје за да провери дали е кандидат за ласерска корекција на диоптрија.

Перо носел очила подолг период, но бидејќи не се практични за тренинг и за натпревари, се префрлил на контактните леќи. Иако, навидум, диоптријата не била проблем за Перо да ги постигне сите успеси, сепак секојдневната грижа за контактните леќи почнала да му пречи, па токму затоа се одлучил да провери дали е кандидат за ласерска корекција на диоптрија.

Ласерската корекција на диоптрија е најмодерната интервенција со која за 5 минути од око се ослободувате од диоптријата и од цилиндарот. Таа е комплетно безбедна и безболна, а по нејзиното завршување си одите дома само со очила за сонце.

Оглас за вработување на медицински сестри – Скопје

Поради проширување на нашиот тим во градовите Скопје, „Систина Офталмологија“ објавува оглас за вработување на:

  • Медицинска сестра во Скопје – 1 извршител

Потребни квалификации:

  • Медицинско образование
  • Положен државен испит за медицинска сестра
  • Работно искуство од 1 година ќе се смета за предност
  • Развиени компјутерски вештини
  • Добро познавање на англиски јазик

Личен профил:

  • Организираност и одговорност
  • Одлични комуникациски вештини
  • Професионалионален и љубезен однос кон пациентите
  • Лојалност, самоиницијативност, темелност, енергичност

Доколку сметате дека ги исполнувате наведените услови и Сте заинтересирани за нови предизвици и постојан развој на Вашата кариера, испратете Ваша кратка биографија (CV) со Ваша слика, на следната email адреса: kariera@sistinaoftalmologija.mk, со задолжителна назнака „За оглас за медицинска сестра во Скопје“ за местото за кое аплицирате за работа.

Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.

Апликациите без назнака нема да бидат разгледани!

Д-р Александра Гочева Јерчиќ на „ЕУРЕТИНА“ во Прага

Д-р Александра Гочева Јерчиќ присуствуваше на деветтиот по ред Конгрес на Европското здружение на ретинални специјалисти „ЕУРЕТИНА“ што се одржа на 1 и на 2 март 2019 година во Прага.

 

Во текот на двата дена беа промовирани новитети во делот за дијагностика и витреоретиналната хирургија, развојот и апликацијата на нови лекарства, како и промени и насоки во третманот на макуларна дегенерација.

Беше истакната и потребата од превенција и соодветен скрининг кај лица со дијабетична ретинопатија. Беа презентирани студии на случај на третманот со анти-VEGF терапија и неговата улога во третманот на пролиферативна дијабетична ретинопатија, како и тоа во кои случаи на дијабетична ретинопатија треба да се пристапи со операцијата витректомија.

 

Присуството на д-р Александра Гочева Јерчиќ на овој конгрес ќе придонесе и за апликативна примена на новитетите во медикаментозното и хируршкото лекување на болестите на ретина во „Систина Офталмологија“ Битола, каде што се вршат дијагностички прегледи, апликација на анти-VEGF терапија и други помали хируршки интервенции.

 

Овој конгрес се смета за еден од најголемите ретинални конгреси со учество на повеќе од 5.000 специјалисти и над 750 предавачи од различни држави.

Имплементација на Програмата за ран скрининг кај децата

Програмата за ран скрининг кај децата што пред 5 години беше започната од УСАИД и од Лајонс фондацијата во соработка со офталмолозите од „Систина Офталмологија“, имплементирана од Универзитетот на Југоисточна Европа, ќе биде преземена од страна на Министерство за здравство на Северна Македонија.

 

На тркалезната маса што се одржа на 25 февруари присуствуваа министерот за здравство Венко Филипче, министерот за образование и наука Арбер Адеми, министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и американскиот амбасадор Џес Бејли. На стручниот собир присуствуваа и д-р Златко Арнаудовски и д-р Билјана Костовска, како и проф. д-р Шпетим Љатифи, координатор на проектот од УСАИД.

 

 

Американскиот амбасадор Џес Бејли во својот говор истакна дека ваков вид здружување ќе придонесе за поголемо влијание и едукација за потребата од ран скрининг кај децата за превенирање очни состојби и ќе придонесе да се зголемат образовните можности за лицата со пречки во видот.

 

„Пред 5 години, УСАИД и „Лајонс Дистрикт 132 Македонија“ ја започнаа програмата за ран скрининг, на која се приклучија и повеќе организации и поединци, а од која имаа корист голем број граѓани на Северна Македонија“, вели Бејли.

 

„Се надевавме и на поддршка од приватниот сектор и охрабрувачки беше што таа поддршка ја добивме уште од самиот почеток. Очната болница ’Систина Офталмологија‘ се вклучи во рамките на проектот, при што обезбеди експертиза и бесплатни очни прегледи. Особено ја поздравуваме д-р Билјана Костовска за координацијата и за учеството на 15 офталмолози“, надополнува Бејли.

 

 

Д-р Билјана Костовска заедно со другите офталмолози во последните 5 години изврши 30.000 скрининзи низ Македонија. Децата на кои им беа откриени очни аномалии дополнително бесплатно се третираат и се следат во „Систина Офталмологија“. Процената на придонесот на „Систина Офталмологија“ за овој проект во петте години изнесува 50.000 долари.

 

Резултатите од овој проект ја истакнаа и потврдија потребата за воведување на Закон за задолжителен очен преглед кај деца од 3 годишна возраст во Република Северна Македонија со што ќе се постигне превенција на слепило. Ваков закон веќе е изгласан и се применува во неколку европски држави.

Вид по 40-тата. Што да очекувате?

Постои една изрека, која вели „животот започнува на 40 години“. Сепак, како што влегувате во четвртата деценија од животот, вашиот организам полека дава знаци за вашата грижа кон него.

Дури и целиот ваш живот да сте имале јасен вид, да не сте носеле очила или контактни леќи, по 40-тата година може да забележите дека ви е потребен поголем напор за да ги забележите буквите во весникот, бројките од мобилната тастатура и сл. Не се сите очни болести сериозно заканувачки за вашиот вид, но се доволно сериозни за да ви направат дискомфор и нервози во секојдневието. Еве што може да очекувате од вашите очи по 40-те години и што може да направите за да го зачувате јасниот вид во многуте години што следуваат.

СУВИ ОЧИ

Што ги причинува: Сувите очи се проблем и за мажите и за жените, но кај жените се позначителни поради хормонскиот дисбаланс. Најчесто се мултифакторијална состојба што доведува до дискомфор, црвенило, иритација а кај ревматските болести и до слепило.

Што може да помогне: Консултирајте се со вашиот офталмолог пред да употребите каква било терапија. Постојат капки за очи на пазарот што само влијаат врз намалувањето на црвенилото и „пецкањето“, но не помагаат за сувоста на очите. Вештачките солзи во форма на капки ќе помогнат при нормализирањето на солзниот филм.

НАМАЛЕН ВИД ПРИ ЧИТАЊЕ (ПРЕСБИОПИЈА)

Што го причинува: По 40-тата година се намалува акомодацијата, односно флексибилноста на леќата во окото, па токму затоа може да имате потреба од повеќе светлина додека читате или да го оддалечите мобилниот телефон од вас за да прочитате порака.

Што може да помогне: Единственото решение во овој случај е да направите детален преглед со ширење на зениците кај вашиот офталмолог. Во зависност од дијагнозата, може да ви бидат потребни само очила за вид или контактни леќи. Ако не може да се замислите со очила за вид или, пак, не ви е комфорна ни помислата за контактни леќи, може да се направи операција со помош на која природната леќа ќе се замени со вештачка доживотна леќа со која ќе може лесно да читате, да возите, да работите на компјутер. Предноста на оваа интервенција е што нема појава на катаракта и повторни оперативни зафати на очите. Би можело да се каже дека се добива три во едно, односно корекција на диоптрија за далечина, близина и отстранување на леќата.

Ако имате очила за далечина, со ласерската корекција на диоптрија, по два-три дена постоперативно закрепнување, повторно ќе гледате јасно.

Овој тип интервенција е ограничен кај помал број пациенти поради возраста и потребата од диоптрија за читање.

ГЛАУКОМ

Што го причинува: Зголемувањето на очниот притисок може да го оштети очниот нерв. Тоа е најчесто заболување на оваа возраст и број еден причина за слепило во светот. Пациентот ништо не чувствува, а нервот страда поради очниот притисок и добива тубарен централен вид. Ако не се третира навреме, доведува до слепило.

Што може да помогне: Детален преглед секоја година кај вашиот офталмолог и проверка на очниот притисок, очниот нерв и проверка на широка зеница. За жал, глаукомот се третира доживотно.

КАТАРАКТА

Што ја причинува: Природната леќа во окото, во основата, е сочинета од вода и протеин. Како што старееме, тие протеини може да се соединат, при што настанува катаракта. Катарактата (перде) предизвикува заматување на леќата, а со тоа и двојно гледање, заматен вид, отсјај околу светли предмети, потешко или бледо распознавање на боите, слаба ориентација во просторот.

Што може да помогне: Катарактата се третира само со фако-метода при која се врши вградување монофокални или мултифокални леќи што се доживотни. Предноста на мултифокалните леќи е во тоа што нема да носите очила за близина, бидејќи со нив добивате јасен вид за сите растојанија, па и за компјутер.

Сепак, при испитување на окото, која леќа е соодветна за вас зависи од резултатите, професијата (програмер или возач), како и од позитивните карактерни особини за адаптација на овие премиум леќи.

МАКУЛАРНА ДЕГЕНЕРАЦИЈА

Што ја причинува: Макулата се наоѓа одзади, во центарот на ретината и е создадена од милион фоторецептори што го овозможуваат јасниот централен вид. Поради атрофирање на дел од ретиналните слоеви, ретината почнува да се двои и постепено се губи централниот вид.

Што може да помогне: Потребно е да се прават редовни офталмолошки прегледи со ширење на зеницата, бидејќи оваа состојба најчесто се открива случајно. Во принцип, третманот е со инјекции анти-ВЕГФ, а се препорачува и медитерански вид на исхрана.

Автор: Д-р Билјана Костовска, офталмохирург

КК „Пелистер“ на очна контрола во „Систина Офталмологија“ Битола

Во петок, на 09.03.2018 година, тимот на КК „Пелистер“ – Битола го посети нашиот дијагностички центар во Битола!

 

Статистиките велат дека 13% од вкупниот број на повреди на окото и губење на видот се додека вежбаме. Се разбира, веројатноста за повреда на очите зависи од видот на физичка активност, а како високо ризични спортови за ваков тип на повреди се сметаат тимските спортови во кои што спаѓа и кошарката. Покрај повредите, за секој спортист е важно да има и добра визуелна способност и перцепција, заради прегледноста на играта на терен. Доколку настане повреда на око, треба веднаш да се реагира за да може да се санира. Одредени повреди може да се лесни, со краткотрајни последици додека постојат и такви повреди на очи кои резултираат со сериозни крварења, поради што може да настане губење на видот, па дури и губење на око.

 

Затоа, нашите кошаркари на КК „Пелистер“ ја одбраа „Систина Офталмологија“ во Битола за да го проверат својот вид и здравјето на своите очи.

 

„Им ја препорачувам „Систина Офталмологија“ – Битола на сите луѓе, посебно на спортистите, бидејќи при тие дуел – игри често доаѓа до повреда на нашиот вид и вклучувајќи го тоа дека некои од нашите играчи имаат проблем со диоптријата, мислам дека почесто треба да правиме контрола на нашиот вид, бидејќи ни е потребно на нас како спортисти во текот на играта да имаме прегледност.“ – вели Димитар Илиевски, крилото на КК „Пелистер“.

 

Напред „Пелистер“! Ви посакуваме многубројни победи и успеси понатаму. Нашиот тим во Битола секогаш ќе биде со вас да ве бодри и да се грижи за здравјето на вашите очи!

Искуствата на „Систина Офталмологија“ претставени во Загреб

Во сабота, 10.03.2018, се одржа 13-от Конгрес на Хрватското друштво на катарактни и рефрактивни хирурзи во хотел „Шератон“ во Загреб подржан од нашата партнерска клиника „Свјетлост“ Загреб. Оваа година беше организиран еднодневен конгрес на кој беа претставени искуствата во досегашното работење, како и иновациите во областа на рефрактивната хирургија, катаракта, глауком, ретина и др. Присуствуваа 300 домашни и странски офталмолози.

Како минатата година, така и оваа, нашите офталмохирурзи д-р Златко Арнаудовски и д-р Билјана Костовска одлично ги презентираа резултатите од досегашните истражувања спроведени во „Систина Офталмологија“ во полето на катарактната и рефрактивната хирургија. Д-р Фанка Гилевска обрна повеќе внимание на искуствата со кератоконус во Македонија, додека д-р Викторија Филева го посочи нашиот начин на третман на окуларна траума со комбинирана операција на страбизам и кератопластика со примена на светските стандарди во тоа поле.

Дијагностицирањето и операции на страбизам се достапни во Македонија од 2015-та год., со отворањето на Одделот за рефрактивна хирургија, заедно со нашиот партнер клиниката „Свјетлост“, Загреб.

Во секцијата „Млади во офталмологија“ нашиот д-р Стефан Младеновски, кој моментално е на специјализација во клиника „Свјетлост“ во Загреб, имаше свое излагање на тема „Eylea во третман на хронична CSR“.

Минатата година, во ноември, со нашиот партнер „Свјетлост“ Загреб, го организиравме нашиот II симпозиум „Новитети во офталмологијата“ на кој присуствуваа офталмолози, општи лекари, ендокринолози и специјализанти, бидејќи за подобрувањето на пристапот кон третманот на здравјето и очните болести во Македонија, потребен е интегрален пристап.

Славевме 20 години успешна грижа на очите на клиника „Свјетлост“!

На 23.02.2018 година, клиника „Свјетлост“ од чија групација е „Систина Офталмологија“ одбележа 20 години од своето работење во Загреб. На свеченоста присуствуваа повеќе од 700 гости, меѓу кои и претседателката на Република Хрватска Колинда Грабар Китарович, претседателот на Црна Гора Филип Вујанович, потпретседателот на хрватскиот парламент Милијан Бркич, министерот за здравство Милан Кујунџица и претставник на Претседателството на Босна и Херцеговина Рад Бошњак.

 

pretsetadelka-hrvatska-sistina-oftalmologija

„Често ме прашуваат зошто ја именував клиниката „Свјетлост“, а не „Габриќ“. Затоа што светлост претставува енергија и нов почеток, додека темнината претставува хаос. Во секој човек се борат и темнината и светлината; темнината во облик на страв и светлоста како желба за остварување на соништата. Се надевам дека клиниката „Свјетлост’ ќе ви помогне секогаш во животот да ги исполнувате своите желби.“ – во својот говор истакна проф. Никица Габриќ, основачот и управител на клиника „Свјетлост“.

Претседателката на Република Хрватска Колинда Грабар Китарович, во својот говор, меѓу другото, истакна дека посебно ја радуваат успесите на клиниката „Свјетлост“ во соседните држави, што упатува на можностите и потребата на континуиран развој на економската соработка.

Во 2015-та година, склучивме стратешко партнерство со универзитетска клиника „Свјетлост“ и го применивме нивното искуство и професионализам во Македонија. Технолошки го надградивме и зголемивме обемот на своето работење преку отворање на Одделот за рефрактивна хирургија со што овозможи решавање на сите проблеми со видот и кај оние пациенти кои сакаат повисок стандард, квалитет и комфорт во своите животни навики. Последователно, како дел од нашата развојна стратегија, отворивме дијагностички центар и во Битола така што овозможивме нашите услуги да бидат достапни и за граѓаните на Битола, Прилеп, Ресен и околните градови. „Систина Офталмологија“ доследна на својата општествена одговорност, инвестира во едукација на амбициозни доктори со тоа што им овозможува специјализација во европските очни центри, кои своето знаење, понатаму ќе го пренесат во Македонија.

Емотивен и прекрасен момент од целата свеченост беше кога проф. д-р Габриќ им подари 20 признанија на 20 луѓе од својот тим, без кои клиниката „Свјетлост“ не би била она што е денес.

20-godini-svjetlost-sistina-oftalmologija-zagreb

По завршување на формалниот дел, за забавата беа задолжени Тереза Кесовија, Петар Грашо и Тони Цетински.

toni-cetinski-sistina-oftalmologija