Анизокорија значи дека пациентот има нееднаква големина на зеници. Едната зеница може да е поголема од нормалната т.е. проширена, или едната зеница може да е помала од нормалната т.е. тесна, што доведува до нивен нееднаков изглед.

Причини

Многу случаи на т.н. блага анизокорија се нормални и немаат некоја патологија или историја на трауми. Генерално, овие случаи кога едната зеница е поголема од другата за 1.0 mm без некоја причина, се нарекуваат едноставна анизокорија, бенингна или физиолошка анизокорија.  

Истражувањата велат дека дури 20% од општата популација имаат блага,
бенингна анизокорија.

Сепак, за посериозен тип на анизокорија може да има голем број причини, а некои можат да бидат и медицински проблеми.

1 слика: Нормални зеници
2 слика: Анизокорија со една зеница поголема од друга
3 слика: Анизокорија со една зеница помала од нормална

Причините за значителна или посериозен тип на анизокорија (едната зеница да е поголема од другата за повеќе од 1,0 мм) се следните:

  • Траума на окото: пр. Дејвид Боуви (подоле)
  • Одредени лекови за очи: на пример, пилокарпин – капките за очи кои се користат за третман на глауком може да предизвикаат зеницата на третираното око да е помала од другата.
  • Воспаление на ирисот: Iritis (преден увеитис) може да предизвика анизокорија која што е проследена со болка во окото.
  • Adie’s tonic зеница:Оваа бенингна анизокорија (исто наречена Adie’s pupil, tonic pupil, or Adie’s syndrome) типично предизвикува едната зеница да е драстично поголема од другата. Поголемата зеница исто така, не реагира на светлина. Во повеќето случаи, причините за оваа состојба не се познати, но може да биде предизвикана од траума на окото (пр. траума предизвиката од комплицирана операција на катаракта), недостаток на проток на крв (исхемија) или инфекција.
  • Невролошки нарушувања. Голем број на состојби кои ги оштетуваат мозочните нерви или ‘рбетниот мозок, можат да предизвикаат анизокорија. Една од најзначајните е синдромот Хорнер (подолу). Луѓето со нарушувања на нервниот систем кои доведуваат до анизокорија, често имаат и спуштен очен капак, дупли слики и/или страбизам. Нарушувања на мозокот поврзани со анизокорија вклучуваат мозочни удари, хеморагија /крварење на окото (спонтана или поради повреда на главата) и, поретко, одредени тумори или инфекции.

Хорнер Синдром (или синдром Хорнер)

Трите класични симтоми се:

Хорнер синдромот се разликува од едноставна (бенингна) анизокорија од тоа колку брзо зениците се прошируваат на слаба светлина или во темна просторија. Нормалните зеници се прошируваат во рок од 5 секунди. Додека пак, во случај на Хорнер синдромот на зеницата и треба 10 до 20 секунди.

Хорнер синдромот, најчесто е предизвикан од некој здравствен проблем, како мозочен удар, тумор или повреда на ‘рбетниот мозок. Во некои случаи. не може да се најде вистинската причина.

Нема специфичен третман за овој синдром, но доколку е поврзан со идентификуван медицински проблем, третманот на таа состојба може да ги реши симптомите на Хорнер, вклучително и анизокорија.

Очите на Дејвид Боуви

Една од најистакнатите физички карактеристики на починатиот пејач, текстописец и продуцент Дејвид Боуви беа неговите очи. Многу луѓе веруваат дека тој имал две очи во различни боја – состојба наречена хетерохромија. Сепак, вистинската причина за очите на Дејвид Боуви да бидат толку впечатливи е анизокорија. Боуви е роден со сини очи, но, тепачката со еден пријател кога биле тинејџери, довела до тоа едно од неговите очи трајно да се прошири, давајќи му на тоа око многу потемен изглед.

Што треба да прави пациентот кога има анизокорија?

Кога некој пациент има една зеница поголема од другата, задолжително треба да посети офталмолог, особено ако ги има следните симптоми:

  • Птоза (спуштање на очниот капак)
  • Дупли слики
  • Губење на вид
  • Главоболка или болка во вратот
  • Болка во очите
  • Сегашна повреда на главата или окото

Во основа не се лечи. Ако е проследена со некоја друга болест, се лечи самата болест од која е предизвикана.

Ако пациентот има бенингна анизокорија, офталмологот може да му препише фотохромни стакла за очила. Овие стакла се затемнуваат автоматски на дневна светлина, за да се намали чувствителноста на светлина (фотофобија). Фотохромните стакла исто така, ќе ги заштитат очите од штетните УВ зрази и сината светлина – особено тоа око кое има поголема зеница и не реагира нормално на светлина.

Во основа не се лечи. Ако е проследена со некоја друга болест, се лечи самата болест од која е предизвикана.

Ако пациентот има бенингна анизокорија, офталмологот може да му препише фотохромни стакла за очила. Овие стакла се затемнуваат автоматски на дневна светлина, за да се намали чувствителноста на светлина (фотофобија). Фотохромните стакла исто така, ќе ги заштитат очите од штетните УВ зрази и сината светлина – особено тоа око кое има поголема зеница и не реагира нормално на светлина.


Информации за тековно работење и мерки за заштита во услови на Ковид-19