Консултација со наш доктор од комфорот на вашиот дом

Анизокорија: Зошто едната зеница е поголема од другата?

Анизокорија значи дека пациентот има нееднаква големина на зеници. Едната зеница може да е поголема од нормалната т.е. проширена, или едната зеница може да е помала од нормална т.е. тесна, што доведува до нивен нееднаков изглед.

Причини

Многу случаи на т.н. блага анизокорија се нормални и немаат некоја патологија или историја на трауми. Генерално, овие случаи кога едната зеница е поголема од другата за 1.0 mm без некоја причина се нарекуваат едноставна анизокорија, бенингна или физиолошка анизокорија.

Истражувањата велат дека дури 20% од општата популација имаат блага
бенингна анизокорија.

Сепак, значајната анизокорија може да има голем број причини, а некои можат да бидат и медицински проблеми.

1 слика: Нормални зеници
2 слика: Анизокорија со една зеница поголема од друга
3 слика: Анизокорија со една зеница помала од нормална

Причините за значителна анизокорија (едната зеница да е поголема од другата за повеќе од 1,0 мм) се следните:

  • Траума на окото: пр. Дејвид Боуви (подоле)
  • Одредени лекови за очи: на пример, пилокарпин – капките за очи кои се користат за третман на глауком може да предизвикаат зеницата на третираното око да е помала од другата.
  • Воспаление на ирисот: Iritis (преден увеитис) може да предизвика анизокорија која што е проследена со болка во окото
  • Adie’s tonic зеница: Оваа бенингна анизокорија (исто наречена Adie’s pupil, tonic pupil, or Adie’s syndrome) типично предизвикува едната зеница да е драстично поголема од другата. Погодената зеница исто така не реагира на светло. Во повеќето случаи, причините за оваа состојба не е позната, но може да биде асоцирана со траума на окото (вклучително и траума предизвиката од комплицирана операција на катаракта), недостаток на проток на крв (исхемија) или инфекција.
  • Невролошки нарушувања. Голем број на состојби кои ги оштетуваат мозочните нерви или ‘рбетниот мозок, можат да предизвикаат анизокорија. Една од најзначајните од овие е синдромот Хорнер (подолу). Луѓето со нарушувања на нервниот систем кои предизвикуваат анизокорија, често имаат и спуштен очен капак, дупли слики и/или страбизам. Нарушувања на мозокот поврзани со анизокорија вклучуваат мозочни удари, хеморагија /крварење на окото (спонтана или поради повреда на главата) и, поретко, одредени тумори или инфекции.

Хорнер Синдром (или синдром Хорнер)

Трите класични симтоми се:

Хорнер синдромот исто така може да се разликува од едноставна (бенингна) анизокорија од тоа колку брзо зениците се прошитуваат на слаба светлина. Нормалните зеници се прошируваат во рок од 5 секунди кога собните светла се затемнуваат. Зеница која е засегната од Хорнер синдромот генерално и треба 10 до 20 секунди за да се прошири на темно светло или темна просторија.

Хорнер синдромотот најчесно е предизвикан од основен здравствен проблем, како мозочен удар, тумор или повреда на ‘рбетниот мозок. Во некои случаи не може да се најде вистинската причина.

Нема специфичен третман за синдромот на Хорнер, но доколку е поврзан со идентификуван медицински проблем, третманот на таа состојба може да ги реши симптомите на Хорнер, вклучително и анизокорија.

Очите на Дејвид Боуви

Една од најистакнатите физички карактеристики на починатиот пејач, текстописец и продуцент Дејвид Боуви беа неговите очи. Многу луѓе веруваат дека тој имал две различни обоени очи – состојба наречена хетерохромија. Сепак, вистинската причина за очите на Дејвид Боуви да бидат толку впечатливи е анизокорија. Боуви е роден со сини очи, но, тепачката со еден пријател кога биле тинејџери, довела до тоа едно од неговите очи трајно да се прошири, давајќи му на тоа око многу потемен изглед.

Што треба да прави пациентот кога има анизокорија?

Кога некој пациент каже дека има една зеница поголема од другата, задолжително треба да посети доктор особено ако ги има следните симптоми:

  • Птоза (спуштање на очниот капак)
  • Дупли слики
  • Губење на вид
  • Главоболка или болка во вратот
  • Болка во очите
  • Сегашна повреда на главата или окото

Не се лечи во основа. Ако е проследена со друга болест, се лечи самата болест од која е предизвикана.

Ако пациентот има бенингна анизокорија, докторот може да му препише фотохромни стакла за очила. Овие стакла се затемнуваат автоматски на дневна светлина за да се намали чувствителноста на светлина (фотофобија). Фотохромните стакла исто така ќе ги заштитат очите од штетните УВ зрази и сината светлина – особено тоа око со поголема зеница која не реагира нормално на светлина.


Информации за тековно работење и мерки за заштита во услови на Ковид-19

РАБОТНО ВРЕМЕ
  • Понеделник – петок од 08:00 – 20:00 часот
  • Закажување на термин на:
    • Скопје: + 389 2 3097 000;
    • Битола: +389 47 226 900;
    • Гостивар: +389 42 210 800;
    • Пациентите од медицинските центар во Тетово се пренасочуваат во „Систина Офталмологија“ Скопје;
  • Редовните закажани термини за прегледи и интервенции ќе се одвиваат непречено;
  • Дозволена е една придружба за лицата кои доаѓаат на преглед/интервенција.
ПОСЕТА НА БОЛНИЦА
  • Влезот во болницата се одвива преку Влез А, Влез Б и Ургентен центар на „Аџибадем Систина“;
  • Сите лица што влегуваат во болницата се обврзани да ја поминат контролата на влезовите што се во функција.
КОНСУЛТАЦИЈА СО ОЧЕН ЛЕКАР
  • Отворивме и дежурна линија за оние лица кои имаат потреба од консултација, совет, терапија или имаат итна состојба;
  •  Работно време секој ден од 08:00 до 20:00 часот;
  • Достапен за телефонска консултација, SMS, Viber и WhatsApp.*
  • *Услугата Viber/WhatsApp повеќе не е достапна.