Информации за тековно работење и мерки за заштита во услови на Ковид-19

Американскиот Берил Институт (The Beryl Institute) со Признание за „Систина Офталмологија“

Реномираниот Американски Институт за Patient Experience (PX) – The Beryl Institute и оддаде Признание на „Систина Офталмологија“ за нејзиниот придонес во грижата за пациентите и креирањето на нивни позитивни искуства. Линк до новоста тука.

Oвој Институт, веќе долги години е посветен на подобрувањето на искуството на пациентите преку истражувачка работа, како и преку креирање на човечки ресурси.

„Културата на креирање на позитивни искуства за пациентите е основниот модел на кој се базира работењето на ‘Систина Офталмологија’ од самиот почеток. Ние одиме подалеку од само одлични медицински резултати и решение за проблемот на нашите пациенти. Нам ни е важен и начинот како тоа го правиме, за да помогнеме да се чувствуваат колку што е можно подобро. Тие доаѓаат кај нас со стрес, страв и неизвесност за резултатите од нивниот преглед. Поради тоа, со многу внимание и разбирање за околностите на нивните проблеми, им приоѓаме, наоѓајќи решение адекватно и индивиуално само за пациентите и за нивните животни потреби.“ – рече Д-р Весна Чадо, извршен директор и креатор на филозофијата за Patient Experience во „Систина Офталмологија“.

„Од пред неколку години, кај нас го формиравме и Patient Experience Office (Центар за искуство на пациенти) кој е прв од ваков вид во регионот и пошироко.  Преку овој Центар болницата активно ги следи и аплицира најновите научни знаења и пракси во здравствениот менаџмент. Тимот на професионалци од областа на здравствениот менаџмент, комуникациите, дигиталниот маркетинг и медицината, секојдневно ги креира, предлага и спроведува стратегиите и програмите, координирани со клиничкиот дел од болницата, со што креира позитивна атмосфера и искуства за вас, нашите пациенти. Резултат на нашата тимска работа е едно големо семејство на наши задоволни и лојални пациенти, кое секојдневно се проширува и зголемува.“ – додаде д-р Весна Чадо.


Информации за тековно работење и мерки за заштита во услови на Ковид-19

РАБОТНО ВРЕМЕ
  • Понеделник – петок од 08:00 – 20:00 часот
  • Закажување на термин на:
    • Скопје: + 389 2 3097 000;
    • Битола: +389 47 226 900;
    • Гостивар: +389 42 210 800;
    • Пациентите од медицинските центар во Тетово се пренасочуваат во „Систина Офталмологија“ Скопје;
  • Редовните закажани термини за прегледи и интервенции ќе се одвиваат непречено;
  • Дозволена е една придружба за лицата кои доаѓаат на преглед/интервенција.
ПОСЕТА НА БОЛНИЦА
  • Влезот во болницата се одвива преку Влез А, Влез Б и Ургентен центар на „Аџибадем Систина“;
  • Сите лица што влегуваат во болницата се обврзани да ја поминат контролата на влезовите што се во функција.
КОНСУЛТАЦИЈА СО ОЧЕН ЛЕКАР
  • Отворивме и дежурна линија за оние лица кои имаат потреба од консултација, совет, терапија или имаат итна состојба;
  •  Работно време секој ден од 08:00 до 20:00 часот;
  • Достапен за телефонска консултација, SMS, Viber и WhatsApp.