Александар Кузманоски (имплантација на мултифокални леќи)

Д-р Викторија Филева, Александар Кузмановски и д-р Билјана Костовска

Александар Кузмановски има 36 години и поради неговата очна состојба, беше кандидат за вградување на мултифокални леќи.

Мултифокалните леќи се интраокуларни леќи со кои пациентот ќе гледа јасно на сите растојанија – блиску, средина и далеку, без да има потреба да носи очила. Исто така, се одбегнува моментот со појавата на катаракта (перде – заматување на природната леќа) која се појавува поради природниот процес на стареење.

„Дојдов во ‘Систина Офталмологија’ затоа што конечно решив да се ослободам од очилата, кои ги носам од свои 3 години. Како што поминуваа годините, диоптријата ми се зголемуваше и стигнав до +6 диоптрија. Не можев да си ги извршувам секојдневните обрски, да си играм мирно со дечињата, дури и минатата година паметам 4 пара очила ми скршија. Дојдов на преглед за ласерска корекција на диоптрија кај д-р Филева која ми објасни дека не сум кандидат за истата, ама сум кандидат за имплантација на мултифокални леќи. Ми објасни дека со овие леќи трајно ќе си ја отстранам диоптријата и опасноста од појавата на катаракта кога ќе остарам. Па, си реков зошто да не, редно време е. Д-р Билјана ме оперираше и се помина брзо и безболно. Сега ми е чудно, не сум навикнат без очилата, а гледам и знам дека уште подобро ќе биде. Многу сум задоволен од целиот тим, сите сте љубезни, доверливи и пристапни во секое време. Професионалци до максимум!“ – раскажа Александар.