5 знаци дека е време да направите очен преглед

Губењето на способноста да се фокусираме на детали се случува кај повеќето од нас. Презбиопијата (старечка далековидост) се јавува со возраста, бидејќи природната леќа во окото ја губи својата флексибилност. Но, исто така е можно да имате скриени проблеми со видот кои почнале да се манифестираат.

Се препорачува еднаш годишно да ги прегледате вашите очи, но сепак, најдобро е да го прашате фталмологот кој редовно ја следи Вашата  состојба со видот и очите. Ако чувствувате дека пречесто и силно ги триете очите,  ги оддалечувате предметите за да ги видите или пак ги приближувате, веројатно е време да го посетите вашиот офталмолог.

 Ова се 5-те знаци кои ви покажуваат дека ви е потребен очен преглед:

Имате главоболки околу очите

Ако вашите очи се напрегаат да се фокусираат, можеби ова ќе ви зададе главоболка. Главоболките во предниот дел на главата или главоболките околу слепоочниците можат да ви укажат дека моменталните очила се премногу слаби, или дека ви се потребни очила за читање.

За секоја главоболка која е поврзана со долго читање; гледање на компјутер или е придружена со потешкотии при фокусирање, посетете го вашиот очен доктор. Окуларните мигрени, на пример, создаваат аура односно цик-цак обоени дамки или мали сјајни точки во вашиот вид кои се движат од централноото видно поле кон периферија и трепка. Повеќето аури може да траат 20 минути пред да започне болката во главата.

Главоболка придружена со заматен вид на едно или двете очи може да биде знак за постоење на сериозни очни состојби како глауком (покачен очен притисок) или оптички невритис (воспалување на  очниот нерв) и мора веднаш да се дијагностицира и третира.

 Жмиркате (ги стискате очите за да видите) и се уште не фокусирате

Промените на видот можат да значат различни работи. За дете тешкотијата во читањето на таблата често укажува на тоа дека почнува да се развива миопија. За возрасно лице, тешкотијата со гледање на улични знаци може да биде знак дека треба да се препише нов рецепт за очила од далечина или дека има промена на здравјето на очите.

Секојпат кога ќе забележите дека вашиот вид се променил, важно е да направите преглед за да бидете сигурни дека очите ви се здрави. Можеби не е ништо сериозно или опасно, но само со офталмолошки преглед ќе дознаеме.

Очите ви се суви

Промените кои се случуваат со возраста, секако ги зафаќаат и очите. Една од најчесто превидени или занемарени промени се тие во солзниот филм кој служи да ги влажни и штити очите од надворешните влијанија. Сувоста на очите може да е резултат на недостаток на солзи, или на промена во составот на солзите. Се манифестира од чувство на страно тело во очите, песок, некогаш и прободувачка болка, заматен вид, па се до рефлексно парадоксално солзење.

Постоење на диоптрија која не е регулирана со очно помагало (очила, контактни леќи) е проблем кој создава потешкотии во вршење на секојдневните активности но не ги оштетува очите. Црвенило или некаков секрет на очите, било каков вид болка или нагло губење на видот  –  треба веднаш да се дијагностицира и третира.

Тешко гледате навечер

Ако навечер  ви е потешко од вообичаеното да гледате улични знаци, ова може да значи дека вашата далековидост се влошува во мрак. Ако очите ви се иритираат со приближување на светлата од автомобилите или ви пречи белата светлина од компјутерскиот екран, може да ви помогнат очила за заштита од  белата  светлина кои имаат син филтер.(blue control)  

Ако непријатноста од одблесоците продолжи дури и со специјални очила, тоа може да укаже на појава на катаракта – особено кај пациенти постари од 50 години.

Кога катарактата почнува да влијае на квалитетот на животот, вашиот доктор може да предложи операција за отстранување на природната заматена леќа и да ја замени со вештачка интраокуларна леќа, која  пак ќе ви ги замени очилата.

Не можете да се сетите на вашиот последен преглед кај очен доктор

Мислењата на очните доктори низ светот најчесто се различни во однос на континуитетот, т.е. колку често треба да правите очни прегледи. Најубаво за тоа ќе ви каже вашиот офталмолог согласно вашата состојба.

Одењето на очен преглед не секогаш означува дека мора да ви ги прошират вашите зеници, но тоа е единствен начин да се провери и очната позадина (ретината) зада бидете сигурни дека вашите очи се здрави и без проблеми.

Одредени исклучоци сепак постојат. Докторите се согласуваат дека децата треба да прават прегледи секоја година и истото важи и за лицата со веќе дијагностицирана очна болест или системска болест која влијае на видот (како на пр., дијабетес).

Ние препорачуваме да се прави преглед на очите минимум еднаш годишно, независно дали имате очен проблем или не. Редовните прегледи се заштитни мерки, затоа што постојат некои очни болести кои се појавуваат без промена на видот и без болка.

 

Совет за првичен преглед и/или дијагностика во случај да имате иста или слична состојба:

Супспецијалистички преглед

Рефракција, одредување видна острина, мерење очен притисок, преглед на очно дно – преглед на преден и заден сегмент на очите.
1.650,00
 

Офталмолошки преглед

Рефракција, одредување видна острина, мерење очен притисок – преглед на преден сегмент на очите.
1.000,00
 

Офталмологот го задржува правото да предложи друг вид на преглед и/или дијагностика во зависност од утврдената состојба на прегледот.


Информации за тековно работење и мерки за заштита во услови на Ковид-19