На 04.11.2017 (сабота) очната клиника Систина Офталмологија, под покровителство на „Свјетлост“, Загреб го организира II-от симпозиум „Новитети во офталмологијата“, акредитиран од Лекарската комора на Македонија.

Симпозиумот ќе се одвива во хотелот „Мериот“ во Скопје, со почеток во 11:00 часот.

Целта на овој симпозиум е да се претстават светските достигнувања во офталмологијата, за 2017 година, кои се однесуваат на решавање на проблемите на видот на луѓето и кои веќе се применуваат во Систина Офталмологија.

Освен офталмолози, ќе присуствуваат и општи доктори, ендокринолози, специјализанти од Медицинскиот факултет за да се овозможи интегрален пристап во решавањето на очните проблеми, бидејќи според последните истражувања од Светската здравствена организација, главните глобални причини за умерено до тешко оштетување на видот се:

  • 53% некорегирани рефрактивни грешки;
  • 25% неоперирани катаракти;
  • 4% поради макуларна дегенерација;
  • 2% поради глауком;
  • 1% поради дијабетична ретинопатија.

Предавањата ќе ги одржат домашни и странски предавачи како проф. д-р Никица Габриќ, ,д-р Златко Арнаудовски и други реномирани офталмолози од „Систина Офталмологија“ и „Свјетлост“.