Logo

Наши услуги

 

Видови глауком

Основни видови на глауком

  1. Глауком со отворен агол
    Непозната причина за појава. Структурата на очниот агол низ која поминува очната водичка изгледа нормална, но и покрај тоа протокот на очната водичка е успорен, она останува во окото подолго од што би требало што доведува до покачување на очниот притисок. Ако не се лечи, го притиска и оштетува очниот нерв.
  2. Глауком со затворен агол
    Причината за појава лежи во анатомската градба на очниот агол кој е тесен или целосно затворен, што значително го отежнува истекувањето на очната водичка и го оштетува очниот нерв.
  3. Инфантилен (детски) глауком
    Може да се јави како вроден (конгенитален глауком), и помеѓу трета и шестнаесетгодишна возраст (јувенилен глауком). Често има полоша прогноза отколку кај глаукомот кој се јавува кај возрасните луѓе.
  4. Секундарен глауком
    Може да настане по оперативен зафат на окото, повреда на очите, константни комплицирани воспаленија на очите, долготрајно конзумирање на кортикостероид, системски болести како дијабетес или катаракта.