Logo

Наши услуги

 

Симптоми на глауком

Симптомите на глауком зависат од стадиумот и типот на болеста и можат да бидат долго непрепознатливи. За жал, често во секојдневната практита се откриваат напредни оштетувања предизвикани од глауком, а личноста да не приметила ништо. Глаукомот најчесто се открива уште во текот на првиот детален офталмолошки преглед во време кога пациентите ќе осетат пресбиопски грешки (старечка далекувидност) и ќе се јават на преглед за одредување на очила. Според некои истражувања, само половина од заболените кои имаат глауком се свесни за својата болест. Во раните фази обичное асимптоматски и затоа често се нарекува „тивок крадец“ на видот.

simptomi glaukoma

Кај глауком со отворен агол симптомите обично не постојат. Многу често пациентите се јавуваат откако ќе настапат оштетувања на очниот нерв и промени на видното поле. Од друга страна симптоми на глауком со затворен агол можат да бидат многу оптоварувачки. Се манифестираат со изразено висок очен притисок, значителен пад на видата острина, болки во пределот на очите, главоболка, гадење и повраќање.