Logo

Наши услуги

 

Ризични фактори

Кои се ризични фактори во појавата на глаукомот?

  • Животна возраст над 45 години
  • Присуство на глауком во семејството
  • Кај пациентите со покачен крвен притисок, хипотиреоза, дијабетес
  • Поради честа и долготрајна терапија на кортикостероиди
  • Повреди на очите
  • Поголема застапеност кај лицата со темна кожа поради анатомските карактеристики на очите

Што го предизвикува глаукомот?

Покачениот очен притисок се смета за главен чинител на ризикот за развој на глауком. Нормалните вредности на очниот притисок се движат во распон од 8-21 mmHg. По некои статистики, горната нормална вредност е 22 mmHg или дури 24 mmHg. Битно е да се напомене дека секое покачување на очниот притисок не значи дека личноста има глауком. На пр. лицата со окуларна хипертензија имаат вредност на очниот притисок повеќе од 21 mmHg без видливи глаукомски оштетувања на очниот нерв или промена во видното поле, но имаат повеќе ризик за развој на глаукомска болест. Но, промените на очниот нерв и видното поле можат да настанат и при нормален и намален очен притисок.

Тогаш говориме за нормотензивен и хипотензивен глауком. Глаукомот е синдром, што значи, освен вредност на очниот притисок мора да бидат и присутни промени на очниот нерв и видното поле.

uzrok glaukoma