Logo

Наши услуги

 

Глауком

Што е глауком?

Глауком е прогресивна болест на очниот нерв, која ако не се третира, може да доведе до стеснување на видното поле, уништување на очниот нерв и значително, па и трајно губење на видот. Доаѓа без симптоми и затоа го викаат „тивок крадец“ или „тивок убиец“ на видот.

glaucoma

Колку е зачестеноста на глаукомот?

Глаукомот е втората причина за слепило во светот. Досегашните студии покажуваат отприлика дека 2-3% од популацијата постари од 40 години боледуваат од некоја врста на глауком, а се претпоставува дека дури 50% од случаите е непрепознатлива. Резултатите од направените студии покажуваат дека во 2010 година бројот на оболени од глауком во светот изнесува 65,8 милиони, а се предвидува дека во 2020 година тој број ќе биде 78,6 милиони, додека до 2040 година би можел да нарасне на 111,8 милиони оболени. Во моментов, како последица на глауком ослепени се повеќе од 6 милиони луѓе во светот.