Logo

Наши услуги

 

Старечка далековидност (пресбиопија)

Што е старосна далековидност?

Пресбиопија или старосна далековидност е дел од природниот процес на стареење на окото. Најчесто, почнува да се јавува кај лица во раните четириесет години. Се јавува поради намалување на можноста на очните мускули кои ја „виткаат“ природната леќа (леќата има облик на диск кога гледаме далеку, а наликува на кугла кога гледаме на блиску). Исто така, со тек на годините се случуваат и промени во структурата на леќата и она ја губи еластичностата која ја имала во младоста.

Процесот на слабеење на акомодацијата (можноста да се избиструва сликата на близина) завршува отприлика во шеесетите години и тогаш лицата кои добро гледаат на далеку, им треба диоптрија +3.00 за читање.

Постојат повеќе можности за корекција на старечката далековидност. Една можност е носење на очила или контакни леќи. Денес е сѐ поголем бројот на пациентите кои одлучуваат на оперативна корекција на старечка далековидност. Се работи за оперативен процес при кој природната леќа од окото се заменува со вештачка леќа која овозможува одличен вид на различни далечини. Ослободувањето од очилата за гледање значајно го подобрува квалитетот на животот.

Кои се симптомите на старечката далековидност?

Главни симптоми на пресбиопијата се тешко фокусирање и заматен вид на близина, која најчесто ќе ја забележите кога читате – зборовите стануваат нејасни и премали. Ако подолго гледате на близина, доаѓа до напрегање и умор на вашите очи, кои често се пропратени со солзење, понекогаш и со главоболки. Овие промени се почесто изразени во услови на слабо осветлување.

Како се корегира старечката далековидност? 

Старечката далековидност се корегира со вградување на мултифокални интраокуларни леќи со проширен виден распон. Изборот на оптимална леќа зависи од здравјето на окото и вашите видни потреби.