Logo

Наши услуги

Откако ќе влеземе во четириесетата година, полека настануваат промени во видот. Ако дотогаш сте гледале добро или се далековидни, наеднаш почнува да ви слабее видот на близина т.е. „рацете ви стануваат кратки“.

Последователно, почнува да слабее и видот на далеку. Повеќето од вас, мора да носите очила за да читате, да работите на компјутер, како и да носаите очила додека гледате ТВ, возите кола, сте на кино и сл.Посебни проблеми настануваат ако се бавите со спорт, престојувате на плажа и скијате во зима.

Може да се решите од т.н. старосна диоптријаодносно од носењето на очила со операција за вградување на мултифокални интраокуларни леќи или интраокуларни леќи со проширен виден распон. Операцијата е брза, сигурна, ефективна и безболна, така што после 3-5 дена може да продолжите со вашите секојдневни активности.

Индивидуално пристапуваме кон секој пациент, за да може да ја избереме соодветната интраокуларна леќа имајќи предвид на потребите и карактеристиките на животниот стил на секој поединец (работење на компјутер, читање, возење на автомобил).