Logo

Наши услуги

 

Преглед во склоп на третманот за системски болести

Со очниот преглед може да се дијагностицираат или да помогне при дијагностицирање на многу системски заболувања. Многу често специјалистите интернисти, кардиолози, дијабетолози, невролози или доктори од семејната медицина во дијагностицирање на болеста бараат и офталмолошки преглед од две причини. Прво, со прегледот на очите и особено на очната заднина, може да се утврди општата состојба на крвните садови на организмот кај артериската хипертензија, атеросклероза, дијабетес или цереброваскуларна болест.

Офталмологот на својот наод на колегата интернист, невролог или дијабетолог, ја опишува состојбата на крвните садови и помага при процена на времетраењето на покачениот очен притисок, дијабетес или состојбата на склероза на крвните садови. На контролните очни прегледи може да се утврди напредување или подобрување на целокупната состојба.

Второ, интернист, невролог или дијабетолог, знаејќи дека некои системски болести може да го оштетат окото како орган како на пр. кај дијабетичарите, го упатува својот пациент кој нема проблем со видот, на превентивен преглед за да може да се утврди евентуалното оштетување на очите во рамките на системската болест.