Logo

Наши услуги

Прегледи за контактни леќи

Во „Систина Офталмологија“ секој ден вршиме прегледи за контактни леќи. Во текот на прегледот пожелно е пациентот да напомене дека прегледот се обавува поради носење на контакни леќи за да се упати до специјализиран офталмолог за препишување на контактни леќи. На прегледот, добро е пациентот со себе да ги понесе очните испитувања и старите наоди или конткакни леќи, доколку ги има.

Во текот на закажувањето, важно е пациентот да напомене дали носел или веќе носи контактни леќи и кој вид (меки, полутврди или тврди). Доколку пациентот носи полутврди или меки леќи потребно е да се паузира со носењето на контактни леќи неколку дена пред преглед бидејќи нивното носење може да влијае на точноста на одредување на нови контактни леќи. Се препорачува полутврдите да се извадат онолку дена пред прегледот колку што години ги носи, додека пак меките контактни леќи потребно е да се извадат цели три дена пред преглед.

Освен општиот офталмолошки преглед, во текот на прегледот за контактни леќи посебно се определува искривеноста на рожницата и квалитетот на солзен филм и се ставаат пробни котактни леќи за да може да се одберат оптимални леќи за диоптријата на пациентот и неговите специфични потреби.

Освен вообичаениот преглед за контактни леќи, препишуваме и специјални контактни леќи за кератоконус и козметички контактни леќи.