Logo

Наши услуги

 

Прегледи за очила

Во „Систина Офталмологија“ секојдневно извршуваме различни офталмолошки прегледи. Основниот офталмолошки преглед се состои од одредување на видната острина со диоптрија на далеку и близу, мерење на очен притисок, преглед на предниот сегмент на окото со биомикроскоп (очни капаци, конјуктива, рожница, зеница и леќа) и субспецијалистички преглед со ширење на зеници со преглед на задниот сегмент на окото – фундус (стаклестото тело, очниот нерв, ретината и крвните садови).

Доколку окото е здраво и има само диоптер, на пациентот може да му се препишат очила било за далеку и блиску или прогресивни очила.

refrkacija

Ако за време на прегледот се утврди дека има некоја очна болест (воспаление, катаракта, суво око, проблем со очните капаци, болест на макула, дијабетична ретинопатија, глауком), тогаш на пациентот му се препишува терапија или му се прават дополнителни испитувања и се упатува до субспецијалист офталмолог кој е специјализиран за специфична проблематика.