Logo

Наши услуги

 

Дистироидна (ендокрина) орбитопатија

Во некои случаи, пациентите со пореметена работа на тироидната жлезда имаат проблем со очите (црвенило, чувствителност, чувство на притисок, „испакнат“ поглед, диплопија). Овие промени се должат поради прибирање на антитела на структурата на окото, првенствено во мускулите и масното ткиво во задниот дел што доверува до туркање на окото нанадвор. Промените во мускулите доведуваат до пореметување на движењето на окото што предизвикува создавање на дупла слика (дупликат, диплопија). Освен субјективните пречки кои ги предизвикува болеста, последователно предизвикува и промени на очите. Најтипична промена се испакнати очи, кои освен естетски влијаат на изгледот на пациентот, може да остават и трајни последици на површината на самото око бидејќи окото се суши поради неможноста за нормално трепкање и затворање на окото.

Исто така, пациентот може да има проблем со двојна (дупла) слика поради промени во мускулите кои го движат едното око,па окото не е во состојба да го следи другото при гледањето. Со задолжително интернистичко лечење на тироидната жлезда често е потребно и дополнитело офталмолошко лечење. Кога со лекови и ботокс не е можно да се подобри состојбата, се врши операција на капакот и очните мускули. Ваквите интервенции се изведуваат со локална анестезија. За време на интервенцијата на капакот, неговите структури се продолжуваат за да се исправи скратувањето и собирањето на ткивото кое е предизвикано поради пореметување на тироидните хормони.

За време на интервенцијата на очните мускули, се корегира страбизмот и се подобрува подвижноста на окото кое е последица на губењето на еластичноста на мускулите. По операцијата на мускулите, се препорачува три недели воздржување од физички активности, избегнување на задимени простории и терапија со капки.