Logo

Наши услуги

 

Отстранување на тумор на подрачјето околу окото

Туморите на капаците, како и на секое друго место на телото мора да бидат сфатени сериозно. Најчести промени кои ги наоѓаме се бенингни (цисти, брадавици, воспалителни промени) и можат да се излечат со лекови или едноставни хируршки интервенции. За жал, во некои случаи промеите можат да имаат малициозен карактер. Освен фактот дека некои врсти на тумор можат да се шират на околни и оддалечени места, во случај кога се наоѓаат на нежни и осетливи подрачја како што се капаците или подрачјето околу окото, потребно е нивното отстранување да се направи внимателно и многу нежно преку реконструкција на околните делови на кожата и останатите структури за да би се зачувала правилната функција на капакот и естетскиот изглед на пациентите.

Меѓу најчестите малигни тумори кои бараат оперативен зафат се: карцином на базалните клетки, сквамозен карцином или поретко меланом. Оттсранувањето на тумор се прави со локална анестезија, првата контрола е по седум дена кога се препорачува и враќање на секојдневните обврски.