Logo

Наши услуги

 

Хирургија на солзните канали

За окото да биде во исправна функција, неопходен е добро распореден и квалитетен солзен филм. Во солзниот апарат важна е добрата функција на сите негови делови: солзни жлезди, капаци и солзните калачиња. Окото и носот се поврзани со назалното каналче кое служи за да истечат вишокот на солзи во носот. Во некои случаи поради чести воспаленија, поради повреди или пак вродено стеснување, доаѓа до затнување на тој канал. Таа состојба се манифестира со зголемено солзење (епифора) и пропратни инфекции поради застојот на солзи во солзното ќесе кое се наоѓа на почетокот на каналчето.

Во случај, кога воспалението не може да се реши со антибиотска терапија, ниту да се воспостави повторна проодност на каналот, се прави операција која се нарекува дакриоцисториностoмија (DCR). Тоа е оперативен зафат со кој повторно се воспоставува континуитет на каналите и со тоа се овозможува истекување на вишокот солзи од окото преку солзната вреќа и солзните патишта спрема носната шуплина. За време на интервенцијата се врадува силиконска вреќичка која останува околу шест месеци. Интервнецијата се прави под општа анестезија, а првата контрола е за седум дена по кои лицето може да се врати на работа.

Кај децата, во некои случаи е присутна тенденција на вродено стеснување на солзните канали. Доколку солзниот канал не се отвори спонтано низ масажа и хигиена, во текот на втората година од животот се изведува сондирање под општа анестезија. Ако каналчето не се отвори ни тогаш, сондирањето се повторува со вградување на силиконска вреќичка.