Logo

Наши услуги

 

Корекција на пореметена положба на капакот (ектропион, ентропион)

Кај постарите луѓе поради промените во структурата на рабовите на капаците кои се предизвикани од промената на мускулите кои ги држат капаците, нивните тетиви и кожата од околу, понекогаш доаѓа до извртување на рабовите на капаците. Често, таквите состојби се јавуваат по оштетување на очите поради лузни или по мозочен удар или слични состојби во мозокот кои доведуваат до повреда на нервите, која ги активира мускулите кои го движат капакот. Околните мускули веќе не се во можност да го држат капакот со трепките во исправна положба, туку доаѓа до извртување на работ на капакот. Работ на капакот може да се изврти спрема надвор (ектропија) па окото не може да се затвори, солзите капат преку работ и доаѓа до сушење на рожницата и предниот сегмент на окото.

Работ на капакот може да се изврти и спрема внатре (ентропија) и трепките константно да го гребат предниот дел на окото, правејќи рани на рожницата, а пациентот со болки нормално се обраќа во ординација кај доктор. Со оперативниот зафат со локална анестезија се зајакнува работ на капакот и се мести во положбата што одговара или се формираат нови прикачувања на мускулот за да може да се врати правиот облик и функција. Конците се вадат на првата котрола недела дена по операција, а толку е потребно и да се повлечат модринките на местото каде е извршен зафатот.