Logo

Наши услуги

 

Блефаропластика

Најчести хируршки интервенции на капаците, кои им ја враќаат свежината и младешкиот изглед, се викаат блефаропластика. Естетската блефаропластика се изведува во случај на вишок кожа на капаците (дерматохалазис) која најчесто поради стареењето ја изгубила својата еластичност, па виси над рабовите на очниот капак, а може да биде поврзана и со пролапс на масното ткиво од орбитата која предизвикува создавање на масни перничиња и подочњаци.

Функционална блефаропластика се изведува во случаи кога освен вишок кожа ослабени може да бидат и мускулите и доаѓа до спуштање на капакот со неможност за негово подигнување (птоза). Со оперативен зафат под локална анестезија се отстранува вишокот на кожа, масното ткиво и растегнатите мускулни нишки на очните капаци.

Засек се прави во природните набори на капакот или под трепките и се затвора со конци кои се вадат за седум дена, со брзо опоравување и скоро невидлива лузна.