Logo

Наши услуги

 

Други методи на корекција на диоптрија: вградување на факични леќи

Кај лица со висока диоптрија (над -10.0 или +6.00); како и кај лицата кај кои на прегледот се открива дека нивната рожница (предниот проѕирен дел на окото) е претенка за да делува ласерот или имаат одредени аномалии на рожницата, поради кои ласерската корекција на диоптрија е контраиндикација, постои можност за вградување на факични леќи (Implantable Collamer Lens- ICL, Verisyse, Veriflex).

ugradnjafakicnihleca

Факичните леќи се вградуваат во предниот дел на окото (пред или зад зеницата), без да се извади природната леќа, така што функционираат како контакни леќи во око и пациентот нема потреба да води никаква грижа за нив, ниту пак ги чувствува

Операцијата на око се изведува со мали резови за кои најчесто не е ни потребно шиење. Таа ебезбедна, не постои можност за компликации и не се отстранува ниту една структура на окото. Особено е погоден за млади особи (меѓу 20 и 50 години) кај кои акомодацијата е нормална т.е. лесно се прилагодуваат мускулите и ја изоструваат сликата кога гледате далеку и близу. Исто така, оперативниот зафат е резервибилен – леќата може да се извади од окото без дополнителни оштетувања, во случај на зголемување на диоптерот и потребно е да се вгради леќа со повисока диоптрија или поради можноста за примена на нова технологија.

Постојат неколку видови на такви леќи ( Implantable Collamer Lens – ICL, Verisyse, Veriflex) кои овозможуваат третирање спектар на диоптрии, од – 23 диоптрија до +21 диоптрија, како и 6 цилиндер (астигматизам).

Implantable Collamer Lens (ICL)

Овие леќи се вградуваат зад зеницата ( меѓу шареницата и природната леќа). Моментално се сметаат за најквалитетно решение за лицата кои не се кандидати за ласерска корекција на диоптрија, а нивната диоптрија се движи од -0,50 до -18 како и + 0,50 до + 8, астигматизам (цилиндер) до 6 диоптрии. Во споредба со останатите генерации на факични леќи, имаат подобра оптика и се погодни за i za osobe s velikim promjerom zjenica. Исто така, поради положбата на леќата во окото, кај лицата кои имаат висок минус значајно се подобрува видната острина,за разликаод видната острина која се постигнува со очила и контакни леќи. Направена е од биокомпатибилен материјал и не причинува имунолошки реакции, а имаат и анти-рефлексна и UV заштита.

fakicnelece1

Verisyse/Veriflex

Леќите се вградуваат пред зеницата на шареницата. Даваат одличен квалитет на видот кај лица со висока диоптрија, а денес се вградуваат кога диоптријата ги надминува параметрите кои се наведени за ICL леќите, како и кај лица кои имаат слаби potpornim aparatima oka поради кои нема можност да ја држат леќата позади зеницата. Овие леќи постојат на пазарот повеќе од 20 години, а со тоа и најголемото светско искуство кое укажува на одлични резултати и сигурност на операцијата.

intraokularnelece