Logo

Наши услуги

 

Метода ПРК (фоторефрактивна кератектомија)

Фоторефрактивна кератектомија (PRK) е најстарата ласерска процедура за ремоделирање на рожницата која во текот на годините многу се разви. Ремоделирањето на рожницата со excimer ласер кај PRK методата се изведува на површината на рожницата, откако ќе биде отстранет епителот (површниот обновлив слој на рожницата).

PRK интервенцијата е погодна за лица со минус диоприја, со астигматизам (цилиндер) до 3.0 диоптрија, кај благи неправилности на рожницата, кај тенки рожници и кај лузни на површината на окото.

Фоторефрактивна кератектомија (ПРК)

Ова е најстарата метода на ласерска корекција на диоптрија и за прв пат е изведена во 1987 година. Методата се состои од механичко отстранување на епителот (површниот обновлив слој на рожницата) при ремоделирање на рожницата со excimer ласерот. Епителот најчесто се отстранува со ноже или ротирачка четкичка. По завршување на третманот, на окото останува „раничка“ на која и се потребни 3-5 дена да заздрави.

Самиот оперативен зафат не е болен, но постоперативното опоравување може да биде мачно. По правило, до нормализирање на видната острина се чека да заздрави епителот, а до целосно стабилизирање на квалитетот на видот често е потребно и до неколку недели. Денес, се отстранува механички епителот кај повторени интервенции и кај одредени неправилности на рожницата, додека во останатите случаеви се применува некоја од модерните верзии на методот.

Трансепителна фоторефрактивна керактомија

(T-PRK, TransPRK, No touch PRK). Трансепителна PRK е најновата метода на PRKпри која епителот се отстранува со excimer ласер. Компанијата Schwind на својот Amaris ласер овозможува PRK без допир на окото т.е. епителниот слој и диоптријата се отстрануваат ласерски во еден чекор, без хирург.
Методот Т-ПРК во однос на стандардниот ПРК, доведе до значајно намалување на постоперативните мачнини и болки кај пациентот и брзо заздравување на окото.