Logo

Наши услуги

 

Метода LASIK

LASIK (laser in situ keratomileusis) е најчесто изведената метода за отстранување на диоптријата. Таа е и најчестиот избор на хирурзите поради високата прецизност, одличните и долготрајните стабилни постоперативни резултати, потполна отсутност на болка (за време и по интервенцијата), како и многу ретки компликации.

LASIK методата се состои од два чекори. Во првиот чекор се формира flap (поклопец на рожницата), а во вториот чекор се редомелира површината на рожницата со excimer ласер. Flap-от на рожницата може да се направи на два начини:

  • Механички микрокератом
  • Femtosecond ласер

ЛАСИК со микрокератом (стандарден LASIK)

Ова е првата развиена ЛАСИК метода, во која освен добра технологија треба и искусен хирург за формирање на flap (поклопец на рожница) со помош на микрокератом. Микрокератомот е автоматизирано електрично ноже кое служи за формирањеflap на рожницата. Во последните 25 години, квалитетот на изработка, брзина, прецизност и ефикасност на механичките микрокератоми постојано се подобрува, што доведе до значајно зголемување на сигурноста и прецизноста на интервенцијата.Последната генерација на микрокератом која ја користиме во нашата клиника, овозможува прецизно формирање на flap-от на рожницата, правилни рабови и предвидена дебелина и облик. Постапката трае кратко, така што пациентот не чувствува ништо.