Logo

Наши услуги

 

Методи на ласерска корекција на диоптрија

Ласерската корекција на диоптрија се однесува на интервенции кои се изведуваат со ласерско ремоделирање на рожницата (предната проѕирна површина на окото) за да се отстрани или намали диоптријата, да се елиминираат оптичките помагала и да се подобри видната острина. Денес постојат неколку методи на ласерска корекција на диоптрија, а основна поделба се базира на кој дел од рожницата се изведува ( површина на рожница – ПРК; средина на рожницата ЛАСИК)

Брзо, сигурно и безболно до совршен вид

Сите операции кои се изведуваат денес, се компјутерски контролирани со помош на прецизни софтверски програми. Со денешните ласери, една диоптрија се отстранува за помалку од 2 секунди. Системот за следење на окото на пациентот во текот на операцијата (tracker) овозможува прецизна достава на ласерските зраци на точно одредено место,независно од микродвижењата на окото на пациентот додека работи ласерот. Поради совршено прецизните и брзи софтверски системи, сите сегашни интервенции се повеќе и од 99% сигурни. Изборот на метода, денес зависи исклучиво од карактеристиките на окото, висината на диоптријата и начинот на живот на пациентот.

Со сегашните ласери, може да се отстрани диоптрија од -10 до +6 и ±6 астигматизам (цилиндер), што значи дека дури 95% од луѓето се кандидати за интервенцијата. Кај лицата кои имаат повисока диоптрија, постои решение за отстранување на диоптријата со вградување на најсофистицираните леќи во очи чии резултати се подеднакво добри, а во некои случаеви и подобри и од ласерската корекција на диоптрија.