Logo

Наши услуги

 

Рефракциски грешки (диоптрија)

Диоптријата претставува оптичка несовршеност на окото, односно неможност на окото да ја избистри сликата. Кратковидни сте ако јасно ги гледате предметите во непосредна близина, додека сите поодалечени предмети ви се заматени ( на пр. не ја препознавате особата која ви доаѓа во пресрет, не можете да возите без очила за вид или да гледате телевизија). Во тој случај, сликата паѓа пред рожницата (внатрешна обвивка која ги прима светлосните импулси и ги претвора во слика) и вас ви е потребна минус диоптрија за да сликата падне точно на ретината и биде остра.

refrakciskigreski

Далекувидни  сте ако не ги гледате добро предметите ни надалеку ни на блиску (на пр. не ја препознавате особата која ви доаѓа во пресрет, не можете да возите без очила за вид или да гледате телевизија, но вашата слика е заматена и при читање, кога работите на компјутер, при пишување пораки на мобилен – вашите очи се напрегаат или имате главоболка). Во тој случај, сликата паѓа позади ретината и вам ви е потребна плус диоптрија за да сликата падне точно на ретината и биде остра.


Имате астигматизам ако сите предмети ви се заматени и имаат сенка на блиску и далеку. Астигматизмот е всушност неправилна закривеност на рожницата.