Logo

Наши услуги

„Систина Офталмологија“ од 2015 година, со отворањето на Одделот за рефрактивна хирургија заедно со универзитетската клиника „Свјетлост“ Загреб, овозможи извршување на ласерската корекција на диоптрија со примена на најсовремна опрема, искусен кадар и прецизна дијаностика.

Проф.д-р Никица Габриќ, основачот и управител на „Свјетлост“, е првиот офталмохирург кој ја има направено ласерската корекција во регионот, а на која и тој самиот има подлегнато. Во последните 19 години, само во клиниката „Свјетлост“ во Загреб, ласерски е отстранета диоптријата на повеќе од 45.000 очи, а во останатите 3 клиники Сплит, Сарајево, Бања Лука, вклучувајќи ја и „Систина Офталмологија“ во Македнија, уште 13.000 очи.

За пациентите кои не се кандидати за ласер поради високата диоптрија, нудиме можност за корекција со вградување на посебни интраокуларни леќи (ICL). Нашите рефрактивни хирурзи се чести предавачи и инструктори на најважните европски офталмолошки конгреси и едукатори во областата на рефрактивната хирургија (БиХ, Србија, Црна Гора, Македонија и Косово).