Logo

Наши услуги

 

Crosslinking (фототерапија на абнормалната структура на рожницата)

Crosslinkingе зафат со кој се обидува да ги зајакне ослабените колагенските врски и така да го забави напредокот на кератоконусот. Акцентот е на зборовите да го забави, бидејќи постапката се користи во целиот свет веќе 20 години, па сè уште не постои доволен временски период за да се каже со сигурност дека crosslinking-от дефинитивно го сопира кератоконусот. Според досегашното искуство, од 5 пациенти на кои им е направен овој зафат, еден од нив е доведен до трансплатгација на рожница.

Лицата на кои им се препорачува crosslinking, се пациенти со кератоконус чија што дебелина на рожницата не е под 390 микрони, пациенти чија што рожница е бистра и без лузни, чии вредности на корнеалните меридијани имаат најмногу 58 диоптрија, а видната острина со очила им изнесува 0,9 или пониско.

Методатаcrosslinking трае околу 2 часа. Се работи со локална анестезија во капки и потполно е безболен. Со фината шпатула се отстранува површинскиот слој на рожницата, односно нејзиниот епител. После тоа, рожницата се третира со високи дози на витамин Б2 во облик на густа течност наречена рибофлавин во период од 20 до 30 минути. Рибофлавинот има повеќенаменска улога тука. Пред се, ја зајакнува рожницата, но подеднакво важно е дека ги заштитува длабоките очни сегменти од УВ зраците кои на окото ќе се третираат подоцна. По завршувањето рожницата се третира со УВ ламба во следниот половина час со пауза на секои пет минути. Ламбата автоматски се исклучува и во пауза од две минути повторно се капе рибофлавин кој со УВ зраците има задача да ја зајакне рожницата. По завршувањето на зафатот на третирана рожница се аплицира мека контактна леќа, која континуирано останува во окото од 4 до 7 дена. Пациентот добива локална терапија во форма на кортикостероидни капки кои се капат наредните два месеци. Првиот ден по зафатот пациентот може да чувствува силни болки, што секако се предупредува за тоа.

Опишаниот зафат припаќа на тн. Дрезденски протокол. Вистинските резултати од crosslinking-от се проценуваат после 6 до 12 месеци по зафатот кај возрасните пациенти, додека пак, кај децата се потреби и до 24 месеци. Пациентот може поопоравувањето да продолжи да носи контактни леќи, а доста често тоа се леќи со истите параметри како и пред crosslinking-от.