Logo

Наши услуги

 

Методи на лечење на кератоконус

Лекувањето на благи и умерени случаи на кератоконус се состои во носење очила и полу-тврди или тврди контактни леќи и редовно следење на прогресот на болеста. За прогресивните облици на болеста се препорачува cross linking методот. Пациентите кои добро ги поднесуваат леќите често се задоволни со својот вид, додека пак, оние пациенти со напреднат стадиум на кератоконус, кои не можат да носат леќи и видната острина им е под 30%, со изразено истенчување на рожницата се кандидати за оперативен зафат на рожницата. Ако дојде до декомпензација на рожницата и неповратно ја изгуби својата транспарентност, тогаш перфоративната трансплатација на рожницата е единствен метод за избор на овие пациенти. Најдобрите техники кои се користат за дијагностицирање и следење на текот на болеста се OCT - оптичка кохерентна томографија на предниот дел на окото и pentacam-компјутеризирана корнеална топографија.