Logo

Наши услуги

„Symfony“ леќи со проширен виден распон

Специјалната болница за офталмологија „Свјетлост“, од чија групација сме дел, беше меѓу првите болници во Европа која започна со вградување на најновите интраокуларни леќи „Symfony“. Заедно со уште 13 европски офалмолошки центри, „Свјетлост“ во 2014 година учествуваше во Европска мултицентрична клиничка студија која ги следеше резултатите на првите вградувања на овие леќи. Откако студијата покажа одлични резултати, овие леќи беа воведени и во „Систина Офталмологија“. 

SkopjeFixie

Станува збор за првата интраокуларна леќа на светот која има т.н проширен виден распон, и која овозможува добар вид без очила за блиску, средна оддалеченост (компјутер) и далеку.

Нејзиниот специјален дизајн овозможува нов начин на прекршување на светлината кој го продолжува фокусот на окото и резултира со проширен виден распон на сите далечини и подобра контрасна осветленост за разлика од досегашните леќи. Најголемата предност на „Symfony“ леќата од мултифокалните леќи е во тоа што има значително помали видни опструкции како што е разлевање на светлата при ноќно возење.