Logo

Наши услуги

Монофокални и торични леќи

Класичните интраокуларни леќи се монофокални леќи, кои, како што самото име кажува, имаат еден фокус и овозможуваат после операцијата да гледате добро далеку без очила, но мора да носите очила за блиску (или обратно, зависи од вашата желба за вид). Монофокалните леќи може да бидат дизајнирани и како торични леќи, така што освен што се корегира диоптријата за далеку, се решава и астигматизмот (цилиндерот).