Logo

Наши услуги

 

Симптоми на катаракта

Симптоми на катаракта се маинфестираат со заматување на видот, губење на контраст и заблескување при јако светло. Може да се појави и двојна слика, чести се и проблеите при читање, гледање ТВ и возење. Катарактата може да биде последица и на траума, метаболички болести (дијабетес, галактоземија), лекови (кортикостероиди), а може да настане и како компликација на други очни болестии (увеитис, глауком) и да се појави заедно со други синдроми (на пр. Даунов синдром).

За да се избистри матната слика по операцијата на катаракта (перде), освен отстранувањето на катаракта, задолжително се вградува интраокуларна леќа. Точната калкулација на диоптрија на интраокуларните леќи е многу важна за остар постоперативен вид, така што го користиме најмодерниот компјутерски апарат „IOL Master“ за точна калкулација на јачината на леќата.