Logo

Наши услуги

 

Катаракта или перде

Катаракта или перде е една од најчестите очни болести кај лица во подоцнежни години. Катарактата се појавува кај околу 70% од лица постари од 75 години. Катарактата е последица на природниот процес на стареење кој доведува до заматување на природната леќа во окото. Во некои случаи, кај почетната катаракта, видот може да се подобри со очила затоа што испакнувањето на леќата предизвикува миопизација (минус диоптрија), но со тек на времето и со напредувањето на заматувањето на леќата, очилата веќе не се корисни и единстевеното решение е операција на катаракта (перде).

katarakta