Logo

Наши услуги

Во очната клиника „Систина Офталмологија“, може да го направите прегледот и интервенцијата во ист ден. Операцијата на катаракта е безболна, брза, сигурна и ефективна после која си заминувате дома, со отворени очи. Благодарение на врвната технологија, знаењето и искуството на нашите хирурзи, катарактата може да се реши за само 3 часа од кога ќе дојдете во клиниката.

„Систина Офталмологија“ дел од групацијата „Свјетлост“ има најголемо искуство во вградувањето на мултифокалните или „Symfony“ интраокуларни леќи со кои пациентот може да се ослободи од диоптријата и носењето очила. Со вградената „Symfony“ леќа пациентот без очила гледа добрo и на блиску, средина и далеку.