Logo

Наши услуги

 Anti - VEFG лекови

Анти-ВЕГФ лекови се новите т.н. „паметни“ лекови кои се применуваат во лекувањето на ретинални болести во последните 10-на години. Овие лекови овозможија значајно подобрување на резултатите при лекување на досега неизлечиви или ретинални болести кои многу тешко се лекуваат. Најчесто се применуваат при лекување на влажна макуларна дегенерација, дијабетична ретинопатија, тромбоза на крвните садови на ретината и уште некои ретинални болести. Во „Систина Офталмологија“ се аплицираат сите интраокуларни лекови достапни во светот.

Како се применуваат анти-VEFG лековите?

Овие лекови се аплицираат амбулантно во операциона сала и целата постапка трае 15 минути. Окото се анестезира со капки, се дезинфицира со јод и тогаш се аплицира инекцијата со тенка 30 gaugе игла. Апликацијата е безболна и пациентот си оди дома уште истиот ден. Откако ќе дојде дома пациентот, може да го тргне завојот од окото и да става вештачки солзи. Лекувањето се применува на месечна база и потребно е да се применува со месеци или години со некои паузи и редовни контроли.

Зошто Eylea?

Eylea (aflibercept) е најновниот и најмоќниот лек од групата на анти-VEGF лекови која се инјектира во окото и служи за лекување на болестите на ретината. Eylea-та делува на сличен начин како и другите лекови од групата анти-VEGF. Го блокира факторот кој е одговорен за формирање на нови абнормални крвни садови кои крварат и пропуштаат течност во околните ткива во мрежницата. На тој начин го забавува или сопира влошувањето на состојбата на ретианта а и кај некои пациенти ја подобрува и видната острина. Она што го прави делувањето на овој лек посебно е и уште еден фактор, плацентален фактор за раст (PIGF) поради што делувањето на овој лек е повеќекратно, а со тоа и поефективно.

Примарно, овој лек се применува кај пациенти кои имаат болест на жолтата пега (центарот за вид) во кој доаѓа до настанување на нови крвни садови кои се абнормални, пукаат и крварат, а болеста се нарекува влажна макуларна дегенерација.

Најновите студии покажуваат дека Eylea-та е подобар лек од Авастинот и Луцентисот, кои и понатаму се применуваат во лекувањето на наведените болести. Eylea-та има поголемо влијание на факторот за формирање на абнормалните крвни садови, има продолжено делување, што во пракса би значело дека се потребни помалку аплицирања на подолг период.

Што значи тоа за пациентите?

За претходно наведените болести, потребно е да се аплицира инекција повеќе пати за да може да се стави болеста под контрола и не може однапред да се каже колку пати понатаму ќе е потребно да се аплицира повторно инекцијата и дали болеста повторно ќе се појави. Одредени лекови потребно е да се аплицираат секој месец. Eylea-та најчесто се дава секои два месеци, така што овозможува комфор на пациентот, го намалува стресот кој се јавува поради честите посети на лекар, а поради продолженото дејство овој лек е подобар од претходните лекови кои спаѓаат во оваа групата анти-VEGF.

Зошто Систина Офталмологија?

„Систина Офталмологија“ има искуство во аплицирање на овие инекции. Самиот зафат е безболен, брз и се одвива амбулатно. Не е потребно чекање, бидејќи ги имаме сите лекови. Во случаите кога се појавува несакано воспаление после примена инекција, како контраиндикација која се јавува секаде во светот во размер 1: 1000 пациенти, веднаш рамките на 24 часа, организираме оперативно лекување на воспалението на кој начин се спречуваат понатамошните компликации.