Logo

Наши услуги

Дијабетес и око

Дијабетесот е водечка причина за слепило и лош вид на работоспособната популација во светот. Окото на лицата со дијабет кои имаат лошо регулирана гликемија почесто добиваат инфекции на очите кои потешко се третираат, настануваат дегенеративнит процеси и порано се развива катаракта. Сериозна компликација која настанува на окото поради дијабетот е дијабетична ретинопатија.

Што е дијабетична ретинопатија?

Дијабетична ретинопатија е компликација од дијабетесот која претставува оштетување на внатрешната обвивка на окото (ретината) која е изградена од нервни клетки (неурони), фоторецептори, крвни садови и други помошни клетки кои помагаат во преносот на видниот сигнал. Ретината ја прима светлината која влегува во окото и ја претвора во електричен импулс, го пренесува импулсот низ очниот нерв до мозокот каде се формира сликата. Дијабетичната ретинопатија е всушност комбинација од микроангиопатија (состојба каде страдаат малите крвни садови во ретината) и невропатија (состојба каде страдаат нервните клетки).
Во минатото, главен начин на лекување на дијабетичката ретинопатија бил третманот со ласерфотокоагулација. Денес, стандардите на лекување се променети и прва линија на третман а апликацијата на интравитреални инекции од групата на анти-ВЕГФ. Апликацијата на ове инекции е во локална анестезија со анестетски капки и е комплетно безболно. Апликацијата на инекција се врши еднаш месечно во време од неколку месеци или година. Со помош на ваквата терапија освен стабилизација на состојбата на ретината, често имаме и подобрување на видот.

Зошто е важно рано да се открие и третира дијабетичната ретинопатија?

Кај веќе развиена дијабетична ретинопатија, новоформираните крвни садови кои имаат слаби ѕидови и се абнормални, го унишутваат здравото ткиво на ретината така што пукаат и крварат или со спречување на здравата циркулација. Раното лекување со инекции и ласер постигнува уништување на тие новонастанати крвни садови. Воедно, нивниот развој може да се превенира ако на време се започне со инекции и ласер.

Што во случај кога дијабетичната ретионпатија е во напредната фаза?

Ако дијабетичната ретинопатија е развиена до степен на пролиферативна дијабетична ретинопатија каде новонастанатите крви садови, пукаат и крварат во окото поради што се уништува и одлепува ретината, единствен начин на лекување е со операција. Оваа операција е позната како витректомија и е комплетно безболна. Самата операција се изведува со локална анестезија и по неа, си заминувате дента дома. Денес, имајќи предвид развојот на технологијата и техниката на оперирање, овие операции се минимално инвазивни и видниот резултат е подобар.

Како се превенира развојот на дијабетичната ретинопатија?

За да не настанат овие тешки компликации на дијабетесот, секое лице со дијабет мора да прави редовна контрола на очите барем еднаш годишно. Задолжително прегледот мора да се состои од ширење на зеници и увид во очната позадина, а не само проверка на видот затоа што промените може да се веќе настанати иако не забежелувате слабеење на видот.

Зошто „Систина Офталмологија“?

Нашата предност во третманот на дијабетична ретинопатија е фактот што имаме офталмолози кои исклучиво се бават со лекување на оваа состојба. Дијангостиката и терапијата може да се направи во ист ден. Располагаме со најмодерните апарати кои овозможуваат прецизна дијагноза и план на лекување. Аплицирањето на инекциите, ласерот како и 25 и 27g на витректомија овозможуваат безболно и минимално инвазивно лекување, опоравувањето е брзо и нема одолговлекувања нити чекање за операција.