Logo

Наши услуги

Аблација на ретина

Што е аблација на ретина?

Аблација на ретина или одлепување на мрежницата е итна состојба која мора да се оперира во рамките на 24 часа. За време на аблацијата, ретината пука и се формира ретинално дупче. Аблација на ретината настанува како резултат на навлегување на очна водичка низ мало дупче на ретината, по што дупчето се шири и ја подига околната ретина. Низ ретиналното дупче поминува очната водичка и ја одлепува ретината од очната позадина.

Кои се симптомите на аблација на ретина?

Првите симптоми често се само блесови, светкања како молњи и црни точки во видното поле, ако при пукнувањето на ретината се појави и мала количина крв во витреалниот простор. Состојбата се влошува со појава на завеса во видното поле. Кога одлепувањето ќе стигне до центарот на видот или макулата, што може да се случи во рамките на 1 до 2 дена, видот доста се намалува и не може повеќе да читате нити да препознавате други лица.

Како се третира аблацијата на ретина?

Аблација на ретина се третира со операција која се нарекува витректомија. Како што ретината се нахранува само додека е залепена за очната позадина, секое ретинално одлепување или аблација може трајно да ја оштети ретината. Затоа е важно операцијата да биде извршена што побрзо и секое чекање резултира со полош исход по операцијата. Во „Систина Офталмологија“ може да ја организираме операцијата во рамките на 24 часа за време на работен ден или празник. Операцијата се прави со локална анестезија со седитација. Оваа операција е комплетно безболна. Таа трае во просек околу еден час, после која пациентот може да иде оди дома уште истиот ден.

Витректомијата претставува отстранување на стаклетото тело од внатрешноста на очното јаболко, низ мали отвори на белката (помали од 1 мм) по што истото се заменува со специјален гас (кој со текот на времето се ресорбира) или силиконско масло, а дупките на ретината се обрабуваат со ласер за да се залепат.

Во текот на витректомијата, се влегува во око преку 4 мали отвори од по 1 mm на белиот дел на окото (белоочницата). Во текот на оперцијата се отстранува стаклестото тело, кое е болно и ја предизвикало аблацијата. Стаклестото тело потоа се надоместува со нормалната очна водичка која окото сама ја произведува и окото нормално функционира. Откако ќе се отстрани стаклестото тело, се идентификуваат „дупките“ на ретината, ретината и дупките се лепат со ласер.

Што се става во окото по операцијата?

На крајот на операцијата во окото се става гас или силиконско масло за да ја држи ретината прилепена додека таа целосно не се прилепи. Предност на гасот е што самиот излегува од окото и после 2 до 6 недели не е потребно да оди на дополнителна операција за вадење на силиконското масло. Во случаите кога аблацијата не е навреме откриена или се комплицирани и имаат лузни во окото, се става силиконско масло кое потоа се вади од окото за кеолку месеци, но може да остане и година дена ако окото е тешко оштетено.


Колку време трае опоравувањето и што смеете да правите?

Окото по операцијата не е црвено нити болно, а опоравувањето е брзо. Потребно е да се става терапија со капки и маст во текот на две недели, а окото мора да биде затворено само еден ден. Контролните прегледи се закажуваат ден после операцијата, 7 дена после операција и 2 до 3 недели по интервенцијата. По 10-тина дена кај некомплицираните аблации, пациентот може да се врати на секојдневните активности. Во текот на тие 10 дена потребно е да мирувате и да лежите во положба која ќе ја препорача лекар, а може да работите на компјутер, да читате или да гледате ТВ користејќи го другото око.


Зошто очната болница "Систина Офталмологија"?


Кај аблацијата на ретина, особено е важно времето. Затоа треба да ни се јавите штом настанат првите симт оми и веднаш ќе го организираме целиот процес за оперативниот дел за да ја спасиме добрата функција на видот, затоа што одложувањето на операцијата не е добро за конечниот резултат. Посебна предност на нашата клиника е што можеме да ја организираме операцијата во рамките на 24 часа по која си одите дома уште истиот ден. Во текот на операцијата е присутен анестезиолог кој го контролира крвниот притисок, срцевата френкфенција , дишење, сатурацијата на кислородот во крвта и висина на шеќерот и доколку има потреба да реагира.