Logo

Наши услуги

 

Стеснување на солзни канали

Кај многу мали деца, кои се уште се доенчиња, родителите често доаѓаат бидејќи на детето му „солзи окото“. Веднаш по раѓањето тоа може да биде последица на вагинална инфекција и се пренесува при помин на плодот низ породилниот тракт при породилниот тракт и бара лечење со локален антибиотик. Меѓутоа, многу се чести последиците од не отварање на каналот кој се наоѓа измеѓу очите и носот, поради што доаѓа до акумулација на вишокот на солзи во солзното ќесе кое се наоѓа на почетокот на каналот и до враќање на вишокот на солзи во окото.

Ова многу лесно се проверува со притискање на областа на каналот што ќе предизвика ненадејно излагање на секрет на окото. Кај 90% од децата, каналот спонтано се отвара во текот на првата година од животот. Додека окото не е воспалено, не е потребно давање на никаков антибиотик, туку само редовно испирање и масирање во областа на каналот по насоките од офталмологот, за да може спонтано да се отвори. Кај мал број на деца, каналот не се отвара во текот на првата година и тогаш е потребно да се отвори со тенка сонда и под општа анестезија. Интервенцијата трае десетина минути и се изведува со многу тенки сонди прилагодени на возраста на детето. По интервенција потребно е уште некое време да се масира и хигиенски да се одржува местото.

Во ретки случаи, кога каналчето по сондирањето нема да се отвори, интервенцијата може да се повтори, со вградување на силиконско цевце, кое во окото се остава шест месеци така што отворениот канал не би се затворил повторно спонтано.