Logo

Наши услуги

 

Како изгледа операцијата за вродена катаракта?

За време на операцијата, се прави пресек од само неколку милиметри и со помош на ултразвук се отстранува заматената леќа и на нејзино место преку мал пресек се става вештачка леќа. Вештачката леќа се наоѓа на истото место на кое била и природната, што не може да се види дека е во окото и трае цел живот. По операцијата на катаракта, во детска возраст лекувањето потребно е да продолжи (очила,оклузија) со цел да се подобри развојот на видната острина на оперираното око. Операцијата се изведува под општа анестезија, трае до десет минути по око. Бидејќи природната леќа кај бебето е помеќа отколку кај постарите лица кај кои вообичаено се врши таквата операција, ултразвучниот дел на зафатот може да се направи со значително помалку енергија и со тоа е помалку трауматичен за око.

Зошто Систина Офталмологија?

Со цел по операцијата да бидеме што поблиску до физиологијата и функционирањето на детсткто око кое има акомодација (адаптација на видот на сите далечини), во Систина Офталмологија вградуваме леќи кои се најблиску до нашиот природен вид. Со врградувањето на такви леќи, детето има можност очите да му се прилагодат да гледаат на сите далечини (близу, средна далечина, далеку) и со тоа добар вид. На располагање се повеќе такви врсти на леќи од кои ги издвојуваме најмодерните Symphony леќи со поширок опсег на видот.