Logo

Наши услуги

 

Зошто Систина Офталмологија?

Амблиопија (Слабовидност)
Што е слабовидност?

Ако видната острина е намалена на двете очи, детето јасно покажува знаци на слаб вид, и родителите треба да побараат лекарска помош. Но, ако видот е ослабен само на едното око, родителите и околината не можат да го забележат тој проблем, со оглед на фактот што детето го користи подоброто око, а потполно несвесно не го користи слабото око. Притоа, мозокот прима информации кои доаѓаат од подоброто око и бидејќи што не може да спои две различни слики, информациите од послабото око се потиснуваат, што доведува до развој на слабовидност, односно застој во развојот на окото кое не се користи.

Ако тоа се случува во најран период кога мозокот и окото се уште не се развиле, видот на зафатеното око може да остане многу слаб, бидејќи слабото око е запоставено уште од почетокот и не добива шанса да се развива. Можноста детето да има таков проблем е поголема ако некој во семејството има сличен проблем.

Лечење на слабовидност

Кога ќе се открие слабовидно око или, познато и како мрзливо око, потребно е на детето да му се даде корекција на очила која што ќе му одговара и да се затвора (оклузија) здравото око за слабото око да се присили да гледа и на тој начин да се развива. Периодот на затворање на очите зависи од тежината на амблиопијата и возраста на детето, а се протега од еден час до шест часа на ден.

slabovidnost

Фластерот (оклудерот) потребно е да се стави над окото, а не над очилата за да се оневозможи окото да гледа на страна. Докажано е дека ефектот на оклузијата е поголем доколку детето прави нешто на близина (црта, чита, игра игри). Со оглед на тоа дека децата често се противат на носењето фластер, потребно е многу трпение и упорност за да се постигне саканиот ефект. Детето кое доста слабо гледа на непокриеното око, повеќе ќе се противи на затворањето на доминантното око, отколку дете кое има подобар вид. На родителите тоа треба да им биде знак за поголема упорност и трпеливост.

Во некои случаи, позитивен ефект на слабовидноста има и операцијата на страбизам. Колку што подоцна се открие слабовидното око, шансите за подобрување и развој на видот се помали. Кај малите деца, окото и видните центри во мозокот се сѐ уште во „пластична фаза“ и клетките се уште способни да научат да гледаат и да го надокнадат пропуштеното време.

Вродена катаракта
Зошто настанува вродена катаракта?

Понекогаш детето може да се роди со катаракта на едното или двете очи. Таквите вродени катаракти обично настануваат поради пореметеност на развојот или пак некои инфекции додека детето е сеуште во мајчината утроба. Со оглед на тоа што заматената леќа ја спречува светлината на окото дури и ако остатокот на окото е во целост здрав, ако катарактата не се острани веднаш, видот на детето не ќе може да се развива и ќе остане слабовидно и после успешно направена операција. Затоа вродената катаракта потребно е да се оперира што порано, уште додека е бебе.