Logo

Наши услуги

 

Страбизам
Што е страбизам?

Страбизам е нарушување на положбата или движењето на очите каде што двете очи немаат заеднички правец на гледање. Кај здравите очи двете очи стојат рамно гледајки во иста точка, а движењата се ускладени. Во некои случаи страбизмот настанува бидејќи е ограничена подвижноста на едното око во одреден правец. Кај децата страбизмот најчесто е вроден или се развива во раната детска возраст, но може да настане и кај механички повреди или различни неуролошки или внатрешни болести. Кај возрасните, страбизмот често настанува во случај на повреда на главата или очите заради парализа на некои од мускулите кои го движат окото. Исто така, може да настане и во склоп на некои ендокринолошки или имунолошки болести (болести на тироидната жлезда). Најчесто окото стои навнатре (есотропија) или нанадвор (егзотропија), а нешто поретко има вертикално нарушување на окото. Исто е така често поврзано и со други нарушувања на видот (слабовидност, рефракциски грешки, нистагмус).

Зошто да се оперира страбизмот?

Страбизмот кај децата го нарушува здравиот развој на видот и затоа е важно што порано да се започне со лечење. Често е во комбинаџија со други пореметувања на видот кај децата, па затоа е потребно да се лечи во комбинација со други методи на лечење. Најчеста последица на страбизам е појавата на слабовидност (амблиопија) на око кое не е поставено во права линија. Слабовидноста може да се лечи само во детска возраст и затоа е најдобро страбизмот да се оперира додека видот е во фаза на развој.

Strabizam

Секое око активира шест мускули, а имплусот за движење доаѓа од мозокот кој во нормални услови секогаш е ист за двете очи. Со синхронизирани движења на очите се постигнува совршена соработка на двете очи, овозможувајќи развој на бинокуларниот вид, односно се гледа со двете очи истовремено. Притоа, две различни слики се спојуваат во мозокот каде се овозможува створување на една слика во три димензии (стерео, 3Д вид). Ако двете очи не стојат право или се работи за некоја ограничена подвижност на поединечно око, човекот има двојна слики или дупликат.

Тоа се случува бидејќи мозокот не може да обедини две различни слики. Возрасните таквата ситуација не можат да ја прифатат па, често мора да го затвораат окото кое им бега за да можат нормално да функционираат во секојдневниот живот. Кај децата, мозокот кој е многу поприлагодлив, несвесно ќе го исклучат окото кое не стои рамно или не се движи и постои опасност дека ќе се развие претходно споменатата слабовидност на исклученото око кое веќе не може да соработува во гледањето. Како резултат на тоа, не може да се развие бинокуларност и стереовид.

Операцијата на страбизам се врши и кај возрасни луѓе кои немаат никакви пречки (создавање дупликат), иако развојот на видот е веќе завршен. Во такви случаи операција се врши од козметички и социоекономски причини (заедничка општествена стигма и исклученост). Со отстранувањето на страбизмот на пациентот му се овозможува подобар естетски изглед и полесна социјална прилагодливост.

Како изгледа оперативниот зафат?

Во случај кога операцијата е најдобро решение, по прецизи предоперативни испитувања се врши зафат на мусклулите кои го движат окото. Операцијата на страбизам се врши под општа анестезија и трае во зависност од сложеноста на зафатот, од половина час до час и половина. Целта на операцијаата е да го доведе окото во посакувана положба, а во случај на парализа, на очниот мускул му се враќа подвижноста. За да се постигне посакуваната положба на окото, со зафатот е потребно да се ослабне или зајакне мускулот , што се постигнува со поместување на темето на мускулот, скратување, разделување или создавање на двоен мускулен напор? Kako bi se postigao željeni položaj oka, zahvatom je potrebno oslabiti ili ojačati mišić što se postiže pomicanjem hvatišta mišića, skraćivanjem, rascjepljivanjem ili stvaranjem dvostrukog hvatišta mišića. Во случај на парализа на мускулите (намалена подвижност), на парализираниот мускул му се придружуваат здрави мускули кои го опкружуваат за да му се подобри подвижноста/мобилноста. Со операцијата на страбизмот на пациентот му се олеснува држењето на двете очи во иста рамнина. Во повеќето случаи се постигнува комплетна излеченост.

Како изгледа и колку трае опоравувањето?

По операцијата на страбизам пациентот може уште истиот ден да си оди дома. Наредното утре се врши прва контрола. Кај децата се препорачува до првата контрола да останат во клиничкото сместување заедно со родителите. Во раниот постоперативен период (до седум дена) постои вообичаено чувство на непријатност и чувствителност на светлина. Потребни се околу две недели раната целосно да зарасне и окото повторно да стане потполно бело.
Во период до три недели по операцијата се применува пропишана терапија со капки. За време на тој период се препорачува да се избегнува тежок физички напор, базени и задимени простории. Втората контрола се прави по една недела, а третата месец дена по операцијата.
Децата можат повторно да одат во градинка или во училиште по две недели. Враќањето на работа зависи од типот на работата. Кај канцериската работа може уште по седум дена да се врати лицето на секојдневните обврски.