Logo

Наши услуги

 

Задолжителен очен преглед кај детето
Офталмолошки преглед на дете – неопходен чекор за правилен развој на видот

Офталмолошкиот преглед на детето е еден од најважниот преглед кој треба да го направи до 4 години од животот. Интензивниот развој на видот трае до крајот на шестата година, а детето никогаш не е премало за офталмолошки преглед. Додека видот се развива, нарушувањата можат и мора да се лечат за да би се овозможило нормален развој на детското око и видот.

Oftalmoloski pregled

Ако попречувањата не се откријат на време, резултатите од лечењето во доцните фази се значително полоши. Прегледот е прилагоден на возраста на детето и не е болен. Во Систина Офталмологија со користиење на најсовремената опрема , прегледот го изведуваат специјалисти офталмолози за деца и страбологија, кои низ прегледот децата ќе се забавуваат и едуцираат.

Едни од најчестите болести на очите кои се неопходни да се лекуваат во детството се страбизмот, слабовидноста (мрзливо око, амблиопија), катаракта кај деца, нистагмус (тресење на очите). Доколку е потребно хируршко лекување, Систина Офталмологија нуди молжност за заеднично сместување на децата со родителите. Сите видови на прегледи и зафати ги изв ршуваме во најкус можен рок.