Logo

Новости

На 04.11.2017 (сабота) очната клиника Систина Офталмологија, под покровителство на „Свјетлост“, Загреб го организира II-от симпозиум „Новитети во офталмологијата“, акредитиран од Лекарската комора на Македонија.

Д-р Златко Арнаудовски и д-р Билјана Костовска беа дел од 35-тиот по ред, Европски конгрес за катаракна и рефрактивна хирургија, кој се одржа од 7-ми до 11-ти октомври во центарот на Лисабон, Португалија.

На него беа присутни над 10.000 офталмолози, меѓу кои и еминентни професори од целиот свет.

Докторите и медицинските сестри на Систина Офталмологија имаа свои предавања на два меѓународни симпозими кои се одржаа од 14 до 17 септември 2017 во Охрид.
IV-от Конгрес на офталмолозите на Македонија со меѓународно учество е прилика на офталмолозите од Македонија да се сретнат со своите колеги од различни земји од регионот со цел размена на искуства и знаења, како и дружење во прекрасниот амбиент на Охридското езеро.

Систина Офталмологија, дел од групацијата „Свјетлост“ Загреб располага со најсовремена апаратура за остранување на диоптријата со ласерската корекција.

Доверете ги вашите очи на нашиот искусен тим. Искористете ја летната акција и бидете еден од 100-те пациенти кои ќе ја остранат диоптријата со ласерската корекција за само 450 евра од око! Акцијата трае до 31.08.2017 година.

Сепак, за да излеземе во пресрет на нашите пациенти, официјално ја продолжуваме акцијата до 20.09.2017 година ????

Навреме обезбедете термин и закажете на телефонските броеви 02/3097-000; 070/351 – 008

Повеќе информации за интервенцијата ТУКА или на нашиот БЛОГ .

Повеќе информации за начинот на плаќање ТУКА.

Голем број на офталмолози од Македонија и Косово присуствуваа на стручното предавање „Последните искуства во рефрактивната и витреоретиналната хирургија” “ кој се одржа во саботата (25.03.2017) во амфитеатарот на клиниката „Аџибадем Систина” во Скопје. Овој настан организиран од „Систина Офталмологија” која е дел од групацијата „Свјетлост”, Загреб беше акредитиран од Лекарската Комора на Македонија и прилика специјалистите офталмолози да ги разменат своите искуствата за најновите методи кои се користат во третирањето на очните болести.

Систина Офталмологија е единствената очна клиника во Македонија која во континутет воведува новини во областа на катаракната и рефрактивната хирургија. Од ноември 2016-та година, започна со вградување на новите AcrySof IQ PanOptix трифокални интраокуларни леќи на Alcon.
AcrySof IQ PanOptix трифокалните леќи се наменети за возрасни пациенти кои сакаат да се ослободат од зависноста од очилата и/или контакните леќи.

Од 2 до 4ти декември 2016 година специјалистите офталмолози Др Виолета Бучкоска и Др Мирјана Саздовска oд Систина Офталмологија присуствуваа на Симпозиумот „Новости во офталмологијата” во градот Правец, Бугарија на кој ги обновија веќе постоечките и воспоставија нови контакти со колегите. Една од темите на предавањата беше и детската офталмологија, поточно новите методи за откривање на дизморфични очни симпотоми, анализа на корнеата, како и конзервативното и хируршкото лекување на одредени болести на окото.

Др. Фанка Гилевска учествуваше на стручниот состанок од затворен тип „CXL experts meetinig” кој се одржа на 1 и 2 декември  во Цирих и на кој беа специјално поканети офталмолози од цел свет.
На состанокот, Др. Гилевска ја презентираше нејзината истражувачка студија  која опфаќа следење на 20 пациенти со кератоконус, по направениот крос линкинг, и како промените во кератометријата, пахиметријата и рожничното заматување, влијаат на видната острина.